ноември 4, 2026

Добредојдовте во Делчево – општина на монумантална природа, впечатливи реткости и луѓе кои знаат се за секого

destination_delcevo promo cover2_2
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Општина Делчево по конфигурацијата на својата територија е разиграна структура на реки, долини, висорамнини и планински масиви. Во пазувите на ова неоткриено богатство од памтивек блика животна сила која скроила безброј приказни, судбини, животни патешествоја кои поради жестината и силината на својате нематеријална вредност низ вековите прераснале во митови, легенди, кажувања кои се пренесуваат од генерација на генерација.

Денес Делчево и Пијанец се животен простор кој сместен во срцето на Балканот, плени со својата убавина, природна чистота и благопријатност за престој на секој еден добронамерник.

Овде небото ја обдарило земјата со беспрекорна суптилност која извира од секоја гранка, од секој лист, поминува меѓу брзаците на секоја река, извајана од тишината на свежите утрински мугри.

Денеска нашето патување започнува кај сивиот мраморен Илин Камен, над селото Ѕвегор. Високо издигнат над долината на Ѕвегорска река и духовната смиреност на манасирот Св. Илија, овој впечатлив карпест џин со векови стои како нем сведок над постоењето на ѕвегорскиот пркос. Од неговите височини погледот се губи кон зелените ридови и планински хоризонти, а посетителите имаат чувство дека стојат на природен балкон од кој може да се види душата на Источна Македонија- Пијанечката ккотлина. Овде секое годишно време е посебен уметник кој дарува на целиот предел широк уметнички белег кој во очите на секој посетител останува врежан за навек.

Илин Камен околу себе има исплетеноширока пајажина на кажувања, лични судбини, верувања, случки и настани. Тоа што Илин Камен го прави забележлив белег на вековите и генерациите кои живееле/еат на овој животен простор е заедништвото на самиот овој споменик на природата со традицијата и духот на народот. Неможе било кој добронамерник кој ќе го посети Ѕвегор и Илин камен, да ја знае приказната за момата Илина, а да не го знае раскошниот дух и карактер на ѕвегорци, и обратно.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Продолжуваме низ живописните предели на селата Нов Истевник и Тработивиште, пристигнуваме до едно од најнеобичните чуда на природата – Кукуље.

Тука земјата и ветерот, трпеливо работејќи илјадници години, создале необични камени фигури кои изгледаат како чувари на некоја древна тајна. Локалните легенди велат дека секоја од овие природни скулптури има своја приказна, а нивната мистична појава никого не остава рамнодушен.

Ѕвегорските Кукуље е локалитет кој се наоѓа од левата страна на стариот пат од Крстот на Стамер. Поголем дел од фигурите се разрушени и еродирани од атмосферските влијанија.

Зачуваните фигури според нивната форма и облик многу потсетуваат на слон, куче, дете, мразулци, змии, ѓавол по што и го добиле своето име.

Тработивишките Кукуље се наоѓаат покрај десната страна од стариот пат на с. Тработивиште. Тоа е една природна композиција на “сватови“. Легендата вели дека некоја свадбена поворка на својот пат била пресретната од Господ престорен во сиромав селанец кој им се обратил за помош и побарал од нив малку храна и вода. Но сватовите го одбиле и понижиле, по што Господ за казна ги скаменил за век и векови, со цел да служат како пример за недолично однесување.

Тработивишки Кукуље

Локалното население во геоморфните форми во композицијата на Тработивишките кукуље препознава младоженец, сватови, кумови, зурлаџии, тапанџија и слично

Скукулените “сватови” во геоморфолошката целина на Тработивишките Кукуље се надоврзуваат со легендата на Истевничките Кукуље.

Местоположбата на Истевничките кукуље е во атарот на селото Нов Истевник во непосредна близина на Мокра Ливада.

Истевнички Кукуље

Селото Нов Истевник е лоцирано на 15 км од Делчево а на 1,5 км од регионалниот пат Делчево- Пехчево-Берово. Од Балабанско маало во селото Нов Истевник до Кукуљeто води земјен пат низ прекрасна борова шума во должина од 2,5 км на надморска висина од 800–900 метри. Источно и западно од Кукуљето теренот е пресечен со водотеци по кои во определени периоди во годината тече бистра планинска вода. На околу 150-тина метри од Кукуљето се наоѓа природна широка платформа на која се наоѓа комитски гроб.

Легендата за Кукуљето во Пијанечкиот регион што се пренесува од генерација на генерација, во форма на народни кажувања вели дека во дамнешни времиња на овој простор се случила свадба. Невестата и нејзиното семејство се наоѓале во село Нов Истевник, а сватовите со младожената биле од северниот дел на Пијанецот. Притоа на свадбата биле поканети и кумови и музичари од повеќе населби (од с. Ѕвегор од с. Град, с. Вирче…), .…

Патот нè води понатаму кон скриените убавини на селото Киселица, каде се наоѓа Киселичката Пештера. Додека чекорите низ нејзината тишина, чувствувате како времето забавува. Карпестите форми, создадени капка по капка низ многу векови, сведочат за моќта и трпението на природата. Ова е место каде секој посетител станува истражувач, а секој чекор открива нова тајна од подземниот свет.

Во близина на Ѕвегор нè очекува уште едно извонредно богатство – палеонтолошкото наоѓалиште каде се откриени остатоци од праисториски животни. Тука, милиони години пред појавата на човекот, животот изгледал сосема поинаку. Стоејќи на ова место, лесно е да се замислат древните суштества кои некогаш чекореле по овие простори, оставајќи зад себе траги што денес им овозможуваат на научниците да го откриваат далечното минато на Земјата.

Нашето денешно патување завршува кај Свети Води, во атарот на Тработивиште. Опкружени со мир, шума и свеж планински воздух, овие извори со генерации се место на надеж, духовност и почит. Според народните верувања, нивната вода носи благослов и сила, а посетителите доаѓаат не само да ја почувствуваат убавината на природата, туку и да пронајдат миг на внатрешен мир и спас од здравствени проблеми.

Делчево не е само место на мапата. Тоа е приказна испишана од природата низ милиони години, приказна која живее во карпите, пештерите, изворите и легендите на овој крај. Секој што ќе го посети заминува со нови спомени, но и со желба повторно да се врати во овој свет на недопрена убавина и автентични доживувања.

За авторот на оваа објава