ноември 5, 2026

Градоначалникот Гоцевски се сретна со нашите иселеници во Швајцарија. Нагласена потребата од интензивна соработка во иднина

719883826_1598472382277584_4770797458507003208_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Градоначалникот на општина Дечево во рамки на неговата работна посета на Швајцарија, меѓу другите активности се сретна и со голем број наши иселеници кои што долги години живеат и работат во различни делови од Швајцарија.

Градоначалникот Гоцевски имаше можност да биде дел од заедничка средба која што ја организираат нашинците, со цел за координација, соработка но и рекреација и дружење.

Градоначалникот Гоцевски имаше можност да се натпреварува со нашинците во играта “Петанги” која овозможува дружење и натпреварување на многу наши Македонци кои што по различни поводи се собираат во Швајцарија.

“Одлична неделна дружба со нашите во Швајцарија на хуманитарен турнир во петанги во Пиду, Швајцарија.

Настан комбиниран од спорт, вкусна чорба и по некоја ракија и ладно пиво кој со години ги обединува нашите иселеници од Делчево и пошироко.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Ова не е само турнир, туку посебен ден исполнет со дружење, меѓусебна поддршка, хуманост и негување на врските со родниот крај. Настан кој има голема душа.

Особено ме радува што и годинава преку овој настан се собираат средства за директни инвестиции и поддршка на нашето убаво село Звегор, покажувајќи дека нашите сограѓани, иако далеку од дома, никогаш не го забораваат своето потекло.

Вакви турнири организираат и иселениците од други наши села со истата намена.

Средбите со нашите луѓе во Швајцарија секогаш носат позитивна енергија и гордост. Нивната сплотеност, посветеност и желба да помогнат се најдобар доказ дека Делчево има свои амбасадори насекаде низ светот.

Ви благодарам за топлиот прием, за пријателството и за сè што правите за да ја зачувате врската со родниот крај”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски

За авторот на оваа објава