ноември 3, 2026

Манифестацијата “Вапцарови бранувања” со нова енергија го проширува опсегот на своите активности

слика-6-1024x768
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

На 22.10.2026г. во просториите на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ се одржа книжевен портрет на авторот Далибор Стојанов од Кочани. Пред публиката беа презентирани неговите четири дела, и тоа: „Кај што немо говорат багремите“, „Кога тајно ги мамев чувствата“, „Воин во бессони ноќи“ и „Македонија во стих и спомен“.

Во својата презентација, поетот успешно ги опфати љубовта, емоциите и патриотизмот, кои што се главни мотиви во своите дела.

Низ настанот нè водеше Марина Гоцевска, а свое видување на делата на авторот даде писателката Ленче Стоименова од Кочани.

Звучните ноти на гитарата од Борче Стоименов беа пропратен декор низ целиот настан. Громогласниот аплауз даде впечаток на блискоста на излагањето на авторот и присутните во мултимедијалниот центар при Спомен-дом АСНОМ.

Извор: https://nucknjvapcarov.mk/

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

За авторот на оваа објава