Организација “Жена” на состанок со градоначалникот Гоцевски
Активисти на невладината организација “Жена” остварија работен состанок со градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски.
На состанокот беа разговарани прашања од заеднички интерес и делокруг на соработка:
“Заеднички чекори кон посилна и поразвиена заедница!
Денеска, претставници на Организација ЖЕНА Делчево остварија конструктивна работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, г‑дин Иван Гоцевски. На средбата ги презентиравме нашите тековни активности и стратешки планови за идните иницијативи, ставајќи акцент на важноста од институционална поддршка и вклучување на општинската администрација и советот.
Во знак на заедничка посветеност кон подобрување на квалитетот на живот во нашата општина, договоривме потпишување на Меморандум за соработка за следниот проект, со што ја потврдуваме отворената и партнерска соработка со локалната самоуправа.
Продолжуваме посветено да градиме мостови на соработка за доброто на сите граѓани!
The Kvinna till Kvinna Foundation
Општина Делчево/Municipality of Delcevo”
-напишаа на социјалните мрежи од организација “Жена” од Делчево во врска со овој состанок.
