ноември 25, 2026

Претставници од микро, мали и средни претпријатија на инфо-сесија за „Зелена транзиција на бизнисите“ ќе се информираат за можностите за добивање финансиска поддршка

Delchevo
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

На 27 ноември (петок), со почеток во 10:00 часот, во Спомен-домот АСНОМ во Делчево, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА ќе одржи јавна промоција на првиот финансиски инструмент за поддршка на компаниите, во рамките на проектот „Green­ing Busi­ness Facil­i­ty“, кофинансиран од Европската Унија.

Целта на настанот е компаниите и претприемачите подетално да се запознаат со можностите за добивање финансиска поддршка за имплементација на меѓународни стандарди од областа на заштитата на животната средина, енергетската ефикасност, циркуларната економија и одржливото работење.

На презентацијата ќе бидат опфатени условите и роковите за аплицирање, потребната документација, како и придобивките од воведувањето меѓународни стандарди во работењето на компаниите.

Општина Делчево ги поканува локалните компании, претприемачите и сите заинтересирани стопанственици да присуствуваат на презентацијата и одблиску да се запознаат со можностите за финансиска поддршка за унапредување и модернизација на нивното работење.

За авторот на оваа објава