Настан за презентација на постигнатите резултати од работата на Градоначалникот Иван Гоцевски
Во петок 20.11.2026 година со почеток во 19.00 часот во Спомен домот АСНОМ во Делчево на посебен јавен настан отворен за сите граѓани, Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски ќе го презентира својот Отчет за едногодишното свое работење на чело на локалната самоурава во Делчево.
За таа цел од општинската администрација ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да го проследат настанот на кој што градоначалникот Гоцевски преку своја презентација ќе ги претстави резултатите од своето работење.
Како посебен гостин на настанот е Македонската поп музичка дива Бојана Скендеровски која ќе исполни дел од својот репертоар пред присутните во Спомен домот во Делчево.

“Почитувани,
По повод одбележувањето на една година од преземањето на локалната власт, Ве покануваме да присуствувате на настанот на кој градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, ќе ги презентира реализираните активности, постигнатите резултати и сработеното во изминатата година, како и идните планови и приоритети за развој на општината.
Ова ќе биде можност за заеднички осврт на сработеното, споделување на визијата за иднината и продолжување на соработката во интерес на граѓаните и развојот на Делчево.
Датум: 20 ноември 2026 година (петок)
Почеток на отчетот: 19:00 часот
Музички концерт: 20:00 часот
Во продолжение на настанот, следува музички концерт на Бојана Скендеровски, која ќе ја збогати вечерта со музика и добро расположение.
Вашето присуство ќе ни претставува особена чест и задоволство!”
-стои во поканата упатена до јавноста преку социјалните мрежи од страна на општина Делчево.
