Со две нови амбулантни возила од Македонската влада до поефикасна здравствена заштита за делчевчани
После деделувањето на мамографот од страна на Македонската влада неопходен за рано дијагностицирање на малигни заболувања кај жителите на делчево но и граѓаните во поширокиот регион, ЈЗУ Здравствен.дом „Гоце Делчев ” доби две нови медицински возила опремени со целосна опрема потребна за укажување на здравсгвена помош за делчевчани.
Овие две нови возила за потребите на ЈЗУ Здравствен.дом „Гоце Делчев ” значително ќе го подобрат работењето на оваа здравствена установа преку зголемена мобилност на медицинските екипи, што е голем благодет за граѓаните на оптина Делчево со оглед на гоемата територијална покриеност што го имаат во своите ингеренции медицинскиот персонал од здравниот дом во Делчево.
Директорката на ЈЗУ Здравствен.дом „Гоце Делчев ” Билјана Георгиевска го изврши примопредавањето на двете нови возила во текот на вчерашниот ден, а дополнителна промоција на новата опрема и возилата е закажана за промоција пред делчевската јавност.
Таа упати своја порака со благодарност од името на граѓаните на Делчево до Владата и Министерството за здравство за доделувањето на оваа опрема која ќе значи подобра побрза здравствена помош и заштита за делчевските граѓани споредено со досегашните капацитети на здравниот дом во Делчево.

“Две нови амбулантни возила за Здравствениот дом во Делчево!
Здравствениот дом – Делчево доби две нови амбулантни возила, со што значително се унапредуваат условите за работа на здравствените работници и се подобруваат можностите за навремена и поквалитетна здравствена услуга за граѓаните.
Ова е значаен чекор кон зајакнување на здравствениот систем и подобрување на достапноста на здравствената заштита за сите наши сограѓани.
Упатувам искрена благодарност до Владата и Министерството за здравство за поддршката, препознавањето на потребите и вложувањето во подобри услови за функционирање на ЈЗУ Здравствен.дом „Гоце Делчев ”Делчево.
Наш приоритет останува грижата за здравјето на граѓаните и создавањето подобри услови за здравствените работници.
Инвестицијата во здравството е инвестиција во животот и иднината на нашите граѓани!”
-напиша на социјалните мрежи директорката на ЈЗУ Здравствен.дом „Гоце Делчев” Делчево Вилјана Георгиевска
