ноември 12, 2026

Најава за спектакуларен целовечерен концерт на Ансамбл “Македонија” пред публиката во Делчево

897875574_1754522296673614_3542234193969215303_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

После неполна година по минатогодишниот спектакуларен концерт на ансамблот “Македонија” пред делчевската публика, делчевската јавност ќе има можност повторно да биде дел од музичко-сценската фолклорна магија преку која зборуваат векови на Македонска традиција, пренесена на најубав можен начин од уметниците еден од најреномираните фолклорни ансамбил во Македонија но и пошироко на Балканот.

Овој пат ансамблот “Македонија” при Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип што е дел од Музичката академија пред публиката во концертната сала во Спомен домот АСНОМ во Длечево ќе се претстават со тематска фолклорна претстава наречена “Банди”.

За што станува збор не се открива сега за сега во јавност, што е доволен предизвик за уживателите на Македонската традиција да бидат дел од публиката на целовечерниот концерт за кој влезот е слободен за сите граѓани.

Овој настан се организира од страна на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево, со што од менаџментот на оваа институција го продолжуваат програмскиот маратон на врвна културна понуда на локалната културна јавност а под покровителство на Општина Делчево.

“Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во соработка со Општина Делчево, организира концерт на Универзитетскиот ансамбл „Македонија“, кој функционира во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, при Музичката академија.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Публиката ќе има можност да ужива во музичко-сценска приказна исполнета со богатството на македонската традиција, фолклор и автентичниот музички израз.

12 ноември 2026 година (четврток)
19:00 часот
НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

Ве покануваме да бидете дел од оваа музичка вечер и заедно да го прославиме богатството на македонското културно наследство. ”

-напишаа од НУЦК “Никола Јонкков Вапцаров” Делчево како најава за овој настан.

За авторот на оваа објава