ноември 3, 2026

Иван Гоцевски: Продолжува кампањата „ГО САКАМ ДЕЛЧЕВО“

Ivan_gocevski_2
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски на прес конференција ги соопшти деталите со што го најави генералниот концепт за активниостите на општината кои што во моментот се реализираат но и што ќе се реализираат во иднина од страна на општината.

Продолжувањето на кампањата “Го сакам Делчево” се надоврзува на хоризонтално распоредените надлежности на општина Делчево во сите сектори, каде до сега во своето едно годишно работење на позицијата градоначалник, Иван Гоцевски напреави целосна анализа на состојбите и веже се преземаат конкретни активности за подобрување на состојбите на секој план во интерес на подобрување на работата и ефикасноста на општината Делчево.

Оваа прес конференција доаѓа на годишнината од седнувањето на Градоначалникот Гоцевски на челната позиција во општина Делчево при што градоначалникот најави во генерални црти каде же се движи работата на општината во наредниот период

Во продолжение го пренесуваме интегрално текстот на прес конференцијата на градоначалникот Гоцевски:

Почитувани претставници на медиумите,

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Почитувани сограѓани,

Денес сакам да ја најавам следната фаза од кампањата „Го Сакам Делчево“, иницијатива што ја започнавме на 19 мај 2024 година, од селото Разловци, со јасна порака дека љубовта кон родниот крај не е празна флоскула на зборови, туку  збир и континуитет на дела, одговорност и личен придонес.

„Го Сакам Делчево“ е концепт кој се роди од нескромна желба да се направи силен исчекор за подобро на сите граѓани на Делчево. Оваа кампања пред 28 месеци ја започнавме неколкумина, но, денеска горд сум што можам да истакнам дека  оваа кампања тлее во срцата на секој еден добронамерен делчевец.

“Го сакам Делчево” е наша определба да продолжиме заеднички да го градиме и развиваме Делчево, со уште поголемо учество на граѓаните, граѓанските организации, бизнис-заедницата, младите и сите добронамерни луѓе кои сакаат да придонесат за подобра иднина на Делчево.

Денес од овде сакам да соопштам дека имаме цел да создадеме отворена и жива платформа преку која граѓаните ќе можат активно да учествуваат во утврдувањето на потребите, предлагањето решенија и креирањето конкретни програмски активности за подобрување на квалитетот на животот во општина Делчево.

Сметам дека развојот на една општина не може да се сведе само на реализација на инфраструктурни проекти. Тој подразбира и грижа за животната средина, солидарност меѓу луѓето, поддршка за ранливите категории, можности за младите, подобри услови за локалниот бизнис и создавање заедница во која секој граѓанин ќе се чувствува вреднуван и вклучен.

Затоа сакам да ја најавам реализацијата на следните конкретни активности и приоритети преку кои ќе се фокусираме на неколку значајни области:

Прво, животната средина и уредувањето на јавниот простор.

Ќе продолжиме со иницијативи за почиста и позелена општина преку еколошки акции, чистење на јавни површини, уредување на зелени простори, засадување садници и подигање на свеста за одговорно однесување кон природата.

Сакаме грижата за животната средина да не биде само моментален тренд или повремена активност, туку трајна навика и заедничка обврска. Чистото Делчево не е одговорност само на комуналните служби, туку и на секој од нас.

Ги отвраме сите канали за комуникација на општина Делчево со граѓаните за идентификација на проблеми, пријавување на загадувачи, диви депонии и појави на штета врз животната средина.

Објавувам целосна мобилизација на сите надлежни служби во општина Делчево во борба против штетните појави врз животната средина!

Второ, да ги вградиме хуманоста и солидарноста во срцето на секој еден жител на Делчево, а позитивните примери да ги пофалиме JAВНО сите заедно.

Ќе интензивираме поттикнување на донаторски и хуманитарни акции насочени кон граѓаните и семејствата на кои им е потребна помош. Веруваме дека силата на една заедница се препознава по нејзината подготвеност да им помогне на оние на кои им е најтешко.

Преку вклучување на поединци, компании, здруженија и други добронамерни субјекти, ќе создаваме можности за организирана, достоинствена и транспарентна поддршка на оние на кои таа им е потребна.

Најавувам дека голем дел од Буџетот на општина Делчево во 2027 година ќе биде насочен кон нашите сограѓани на кои им е потребна подадената рака на целата локална заедница.

Трето, комуналната инфраструктура и приоритетните потреби на граѓаните.

Кампањата “Го сакам Делчево” ќе биде можност граѓаните непосредно да ги посочат проблемите во своите населби, улици и населени места.

Сакаме заедно да ги утврдиме најважните потреби поврзани со уличната инфраструктура, водоснабдувањето, одржувањето на јавните површини, осветлувањето, зеленилото и другите комунални прашања.

Тоа и до сега го правевме, но сега инвестираме плански, доволно финансии за наредната година со која вака утврдените приоритети ќе добијат целосна реализација во годишната програма за работа во 2027 година.

Веќе изработуваме обемна техничка документација за едни од најзначајните проекти со кои значително ќе го подобриме стандардот за живеење во Делчево, а кои ќе бидат буџетирани во Буџетот за 2027 година.

Четврто, Првиот значаен столб во нашата програма- локалниот економски развој добива сосема ново посилно значење за општинската администрација во интерес на стопанството.

Делчево има потенцијал што треба постојано да го откриваме, развиваме и ставаме во функција на подобриот живот на граѓаните.

Затоа, преку преку оваа кампањапоттикнуваме идеи за поддршка на локалното стопанство, развој на претприемништвото, туризмот и руралните потенцијали, афирмација на локалните производители и создавање нови можности за младите луѓе.

Сакаме да ги слушнеме оние што имаат идеи, знаење и искуство, но и оние кои секојдневно се соочуваат со пречките за започнување или развој на сопствен бизнис. Локалниот економски развој бара соработка меѓу општината, бизнис-заедницата и граѓаните.

За таа цел Ве информирам дека започнуваме со обемна функционална анализа во ЕЛС Делчево со цел за оптимализација на јавните услуги за развојно стопанство и задоволни граѓани.

Нема веќе погрешен шалтер, нема веќе заборавени предмети, нема празни бироа и затворени врати на општинските служби.

Петто, силно сме фокусирани на младите, културата, спортот и подобрување на квалитетот на животот.

Во изминатиот период покажавме како изгледа кога во работата на општина Делчево големо тежиште им припаѓа на младите.

Ќе продолжиме да ги охрабруваме граѓанските иницијативи што придонесуваат за побогат културен и спортски живот, поголема општествена вклученост, меѓугенерациска солидарност и создавање услови во кои младите ќе можат да ги реализираат своите потенцијали во Делчево.

Почитувани сограѓани,

Ако чуствувате потреба да бидете и Вие дел од кампањата “Го Сакам Делчево” сакам да Ве информирам дека:

Веќе работиме на воспоставување поорганизиран начин за прибирање и разгледување на граѓанските предлози, утврдување приоритети и поврзување на луѓето и организациите кои сакаат да помогнат во нивната реализација.

Ги повикувам сите граѓани на Делчево, без разлика на возраста, професијата, местото на живеење или општествениот ангажман, да не потпаѓаат на летаргијата и незаинтересираноста. Да се вклучат со своите идеи, знаење, време и можности.

Општина Делчево е сервис на сите граѓани а јас како градоначалник силно работам тој атрибут да го оправдам!

Ги повикувам и компаниите, занаетчиите, земјоделците, младинските организации, здруженијата на граѓани, културните и спортските работници, иселениците и сите пријатели на Делчево да станат дел од оваа иницијатива.

Не секој може да реализира голем проект, но секој може да придонесе со нешто многу пoзначајно:

Некој со добра идеја… друг со волонтерска работа.…  трет со донација.…  а некој со професионално знаење или со вмрежување на луѓето кои можат да помогнат во остварување на нашата заедничка цел:

Подобро Делчево, за Делчево кое сите го сакаме.

Притоа, сакам да нагласам дека кампањата не треба да се сфати како замена за обврските на локалната самоуправа. Напротив, таа треба да биде дополнителен механизам за граѓанско учество, партнерство и заедничко дејствување, преку кој ќе ги препознаваме приоритетите и ќе ги мобилизираме расположливите ресурси за нивно решавање.

Општината ќе продолжи да ги извршува своите законски надлежности и обврски, а преку кампањата ќе настојуваме да создадеме поширока општествена поддршка за иницијативите што носат вистинска корист за граѓаните.

Почитувани,

Кога на 19 мај 2024 година ја започнавме кампањата „Го Сакам Делчево“ од село Разловци, ја испративме пораката дека грижата за родниот крај започнува од секој од нас.

Денес ја продолжуваме таа порака со убедување дека љубовта кон Делчево треба да се претвори во континуирана активност, конкретни иницијативи и видливи резултати.

Нашето Делчево е повеќе од административен апарат и географска територија. Тоа е нашиот дом, нашето наследство, местото каде што растат нашите деца и просторот во кој сакаме да градиме подобра иднина.

Затоа, сакам да упатам јасен повик: да ги оставиме настрана разликите кога станува збор за доброто на нашата заедница, да ги препознаеме можностите за соработка и да покажеме дека со заедничка волја можеме да направиме многу повеќе.

Да создадеме Делчево во кое секој ќе има можност да придонесе, секој ќе биде слушнат и секоја добра идеја ќе добие можност да стане реалност.

Кампањата „Го Сакам Делчево“ продолжува. Продолжува со отворени врати, со повик за граѓанска иницијатива, со грижа за луѓето и животната средина и со стремеж кон подобар квалитет на живот за сите.

Зашто, Делчево не го сакаме само со зборови. Го сакаме со нашите дела, со нашата грижа и со нашата подготвеност да направиме нешто добро за местото што ни е заеднички дом.

Го Сакам Делчево! Заедно да го направиме подобро!

Ви благодарам.

-рече на прес конференцијата за јавноста Градоначалникот Гоцевски во врска со имплементацијата на концептот “Го сакам Делчево”.

За авторот на оваа објава