ноември 25, 2026

Жителите на Ново Делчево бараа регулирање на сообраќајот долж ул. “Кеј на ослободување” со цел за поголема безбедност

922781504_1788990186561323_717554117309504355_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

На барање на жителите од населбата Ново Делчево, Општина Делчево постави нова сообраќајна сигнализација и опрема на улицата „Кеј на ослободувањето“, со што е комплетирано воведувањето на режимот на сообраќај со ограничување на брзината до 30 км/ч на целото подрачје на населбата.

Инсталирани се три нови гумирани технички средства за забавување на брзината во сообраќајот, вертикална и хоризонтална сигнализација преку која навремено се информираат возачите за режимот под кој се одвива сообраќајот.

Со оваа интервенција се одговара на барањата на жителите за поголема безбедност во населбата, намалување на сообраќајните ризици и создавање побезбедна средина за сите учесници во сообраќајот, особено за пешаците, децата и повозрасните лица.

Воведувањето на т.н. Зона 30 има за цел да ја намали брзината на движење на возилата и да ја зголеми безбедноста на улиците. Според истражувањата на Rune Elvik (2001), намалувањето на брзината од 50 на 30 км/ч може значително да придонесе за намалување на повредите во сообраќајните незгоди.

Изведувач на работите е фирмата „ВИА СИГНАЛ“ од Скопје, а вредноста на инвестицијата изнесува околу 730.000 ден.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Активноста е дел од мерките предвидени во Стратегијата за безбедност на патиштата на Општина Делчево 2023–2027, во рамките на вториот столб од Пристапот до безбеден систем – „Побезбедни улици во градот“. Со неа се унапредува безбедноста на сите учесници кои ја користат улицата за пристап до Спортско-рекреативниот центар, градскиот парк и црквата „Св. Кирил и Методиј“.

Општина Делчево упатува апел до сите возачи доследно да го почитуваат ограничувањето на брзината од 30 км/ч на целото подрачје на Ново Делчево. Одговорното учество во сообраќајот е заедничка обврска, а безбедноста на улиците зависи од почитувањето на правилата и грижата за сите учесници во сообраќајот.

За авторот на оваа објава