ноември 5, 2026

Можности за развој на повеќе видови туризам со паметно искористување на локалитетот Кукуље

Сподели

Кукуљето- локалитет како белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

trabotivishte_kukulje_04
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Тука земјата и ветерот, трпеливо работејќи илјадници години, создале необични камени фигури кои изгледаат како чувари на некоја древна тајна. Локалните легенди велат дека секоја од овие природни скулптури има своја приказна, а нивната мистична појава никого не остава рамнодушен.

Ѕвегорските Кукуље е локалитет кој се наоѓа од левата страна на стариот пат од Крстот на Стамер. Поголем дел од фигурите се разрушени и еродирани од атмосферските влијанија.

Зачуваните фигури според нивната форма и облик многу потсетуваат на слон, куче, дете, мразулци, змии, ѓавол по што и го добиле своето име.

Тработивишките Кукуље се наоѓаат покрај десната страна од стариот пат на с. Тработивиште. Тоа е една природна композиција на “сватови“. Легендата вели дека некоја свадбена поворка на својот пат била пресретната од Господ престорен во сиромав селанец кој им се обратил за помош и побарал од нив малку храна и вода. Но сватовите го одбиле и понижиле, по што Господ за казна ги скаменил за век и векови, со цел да служат како пример за недолично однесување.

Тработивишки Кукуље

Локалното население во геоморфните форми во композицијата на Тработивишките кукуље препознава младоженец, сватови, кумови, зурлаџии, тапанџија и слично.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Скукулените “сватови” во геоморфолошката целина на Тработивишките Кукуље се надоврзуваат со легендата на Истевничките Кукуље.

Местоположбата на Истевничките кукуље е во атарот на селото Нов Истевник во непосредна близина на Мокра Ливада.

Селото Нов Истевник е лоцирано на 15 км од Делчево а на 1,5 км од регионалниот пат Делчево- Пехчево-Берово. Од Балабанско маало во селото Нов Истевник до Кукуљто води земјен пат низ прекрасна борова шума во должина од 2,5 км на надморска висина од 800–900 метри. Источно и западно од Кукуљето теренот е пресечен со водотеци по кои во определени периоди во годината тече бистра планинска вода. На околу 150-тина метри од Кукуљето се наоѓа природна широка платформа на која се наоѓа комитски гроб.

Постоечка платформа со уредена кружна патека околу локалитетот Истевнички Кукуље

За потеклото на Истевничките Кукуље постојат народни легенди кои се пренесуваат од колено на колено од генерација на генерација но постојат и научни аргументи.

Научните истражувања на геологијата на Пијанец и Малеш потекнуваат од XIX век, за подоцна во 1950 година за овој регион да се добијат најсвремените пресеци на слоеви за геолошката градба на регионот.

Од сите досегашни научно-геолошки и геоморфолошки истражувања, произлегува дека основата на реефот во областа ја дале сложени тектонски движења со миоцено-плиоценските периоди, а надворешните сили со ерозивните процеси го создавале и моделираче рељефот и оставале свои белези.

Во плиоцените седименти ерозијата на почвата е поизразена и таа е најинтензивна во летните месеци. Слаабо отпорните карпи побрзо и полесно еродираат отколку поотпорните. Таму каде се потврди карпите , остануваат делови во форма на конус. заб, капа, пирамида, кули, печурки и други форми.

Во конкретните случаи фигурите се формирани со плиоцени седименти со разни бои преку кои на врвовите од фигурите има неслатко воден варовник таложен во тенок слој за време на плиоценот а истиот слој служи како покрив и заштита на долните делови од фигурите. Кај Истевничките Кукуље се присутни сите споменати форми а ерозијата продолжува и во денешни услови да ги обликува но и да ги урива постоечките фигури.

Недопрениот локалитет Истевнички Кукуље со неговата околина која што за жал страдаже во големиот пожар во 2021 година е еден мал дел од тоа што располага Пијанец, а тоа се вредности кои што се уште не се доволно афирмирани и познати во јавноста, кои чекаат да бидат откриени и искористени во различни цели од страна на општината.

Кукуљето и неговата поширока околина располага со:

-природни реткости,

-историска знаменитост (комитски гроб)

-непрегледна борова и дабова шума,

-рамна платформа за мали спортови, кампување,

-прекрасни живописни патеки за спорт и рекреација,

-погодни климатски карактеристики со еколошки здрава средина на надморска висина од 800–900 метри,

-природни извори со здрава и потка вода.

Со тоа овој природен локалитет дава можност за развој на рекреативен, еко, културен и спортски туризам.

Од овој локалитет центарот на Делчево е одалечен само 11.6 км, центарот на Пехчево 6.7 км а центарот на Берово 10 км возушна линија.

Исто така руралниот предел на околните села Стар и Нов Истевник како и нивните маала даваат дополнителна можност и вредности за развој на рурален туризам што е особено атрактивен во поново време.

Веќе постојат неколку приватни иницијативи кои што во околината на овој природен локалитет изградиле сместувачки рурални капацитети, со потенцијал овој број да се зголемува, за што е потребна правилна и визионерска програма за развој на надлежните институции.

Локалитетите „Кукуље“ во селата Тработивиште, Ѕвегор и Нов Истевник може да се развијат во препознатлива туристичка дестинација на Источна Македонија која ќе обединува геолошки, едукативен, авантуристички, рурален, културен и еко-туризам.


1. Геотуризам

Кукуљите претставуваат ретка природна појава со исклучителна научна и туристичка вредност.

Активности

  • Изработка на стручна студија за заштита и валоризација на локалитетите.
  • Поставување информативни табли со објаснување за настанокот на земјените форми.
  • Организирање прииродно-научни тури со обучени локални водичи.
  • Поставување видиковци за набљудување и фотографирање.

Очекувани резултати:

  • Привлекување ученици, студенти и научни истражувачи.
  • Создавање уникатен бренд на регионот.
  • Поврзување со други природни локалитети во регионот

2. Авантуристички туризам

Активности

  • Уредување пешачки патеки помеѓу локалитетите.
  • Маркирање велосипедски рути.
  • Организација на традиционален планинарски марш
  • Развој на GPS и дигитални рути.
  • Организација на trail run­ning трки.

Нов туристички производ

„Три Кукуље – една авантура“

Еднодневна или дводневна тура која ги поврзува трите локалитети.


3. Рурален туризам

Активности

  • Поттикнување отворање семејни пансиони.
  • Обука на локално население за туристички услуги.
  • Развој на домашна гастрономија.
  • Организирање дегустации на локални производи.
  • Создавање етно-дворови во селата.

Производи

  • Домашно сирење
  • Мед
  • Ракија
  • Традиционални јадења од Пијанец

4. Едукативен туризам

Активности

  • Организација на теренска настава за ученици.
  • Создавање едукативен центар „Природата на Пијанец на дланка“.
  • Изработка на интерактивни едукативни содржини.
  • Развој на мобилна апликација со проширена реалност (AR).

Целни групи

  • Основни училишта
  • Средни училишта
  • Универзитети

5. Фото и филмски туризам

Кукуљите имаат исклучително атрактивен пејзаж кој што може да биде искористен во регионални и светски рамки од страна на фото и видео индустријата.

Активности

  • Изградба на фото-платформи.
  • Организација на меѓународен фото-сафари.
  • Фото натпревар „Чудата на Пијанец“.
  • Промоција преку инфлуенсери и дрон снимки.

Дополнително

  • Кандидирање на локалитетите како филмски локации.

6. Културен и настански туризам

Активности

  • Организирање настан/кампинг викенд/фестивал „Денови на Кукуљите“.
  • Концерти на отворено.
  • Изложби на фотографии.
  • Ликовни колонии.
  • Настапи на фолклорни друштва.

Главен настан

Кампинг викенд/Фестивал на земјените форми „Кукуље“

Секоја година во летниот период.


7. Еко туризам

Активности

  • Прогласување на заштитена природна зона.
  • Едукативни кампањи за заштита на природата.
  • Волонтерски акции за чистење.
  • Поставување соларно осветлување на клучни точки.

Резултат

Одржлив развој без нарушување на природниот амбиент.


8. Дигитален туризам

Активности

  • Изработка на веб-портал.
  • 360° виртуелни тури.
  • QR кодови на сите локалитети.
  • Мобилна апликација „Dis­cov­er Kukul­je“.

Промоција

  • Face­book
  • Insta­gram
  • Tik­Tok
  • YouTube

9. Инвестиции и предлог проекти за подобрување на пристапноста и репрезентативноста на природниот локалите Кукуље

Краткорочни цели (1–2 години)

  • Уредување на пристапни патеки.
  • Поставување туристичка сигнализација.
  • Одморишта и клупи.
  • Паркинг простори.
  • Видиковци.

Среднорочни цели (3–5 години)

  • Посетителски центар.
  • Сувенирница.
  • Едукативен павилјон.
  • Кампинг зона.

Долгорочни цели (5–10 години)

  • Геопарк со национално значење.
  • Регионален центар за геотуризам.
  • Поврзување со туристичките понуди на Осогово и Малешевија.

Предлог туристички бренд:

ДЕСТИНАЦИЈА ДЕЛЧЕВО © Сите права се запазени
– Контакт оддел за соработка – Маркетинг – 
Прати вест –

За авторот на оваа објава