ноември 3, 2026

Караван на насмевки во Делчево: Вистински Баскерфет на улица-можност за сечија забава

782345012_1960418382013155_946487877379020358_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Изненадувањата за делчевската публика од страна на општина Делчево продолжуваат и понатаму. По спектакуларните настани во рамки на “Свежо делчевско културно лето 2026” во Делчево доаѓа караванот на баскери од цел свет кој што за делчевската публика ќе приреди многу забава, инспирација и дружење.

“Баскерфест 2026”- Караванот на насмевки во Делчево доаѓа на 29 август со почеток во 20.30 часот на улиците на Делчево каде шестмина баскери од целиот свет ќе ја донесат магијата на уличната слободна уметност пред делчевчани.

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски го најави овој настан со свое кратко соопштение во јавноста преку социјалните мрежи:

“КАРАВАНОТ НА НАСМЕВКИ Е ВО ДЕЛЧЕВО!

На 29ти Август во срцето на Делчево, Баскерфест 2026 ја претвора улицата во сцена и носи циркус, жонглирање, магија, музика и многу насмевки!

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Подгответе се за незаборавни улични настапи, спектакуларни точки и забава за целото семејство.

Улицата е наша сцена — се гледаме на Баскерфест 2026! 🎭✨

#Баскерфест2026#Buskerfest2026#КараванНаНасмевки#УличнаУметност#Македонија”

-напиша на социјалните мрежи градонаалникот на Делчево Иван Гоцевски,

За авторот на оваа објава