ТППЕ Делчево со превентивни активности и контроли во борба против шумските пожари
Припадниците на територијалната противпожарна единица Делчево под раководство на командирот Сашко Поповски се во постојани преветивни активности во борбата против појавата на пожари на територијата на општина Делчево. Мобилна екипа на ТППЕ Делчево е во постојана обиколка на терен на клучни точки од каде што вршат видео мониторинг со дрон на движењето во шуми и пасишта од страна на поединци, делувајки превентивно против можноста за појава на пожар на отворено. Притоа со постојани кампањи и делење на информативни флаери, припадниците на ТППЕ Делчево во сорабтка со други институции влијаат врз свеста на граѓаните од опасностите од појава на пожар на отворено.

Оваа посветена работа на припадниците на ТППЕ Делчево досега оневозможи појава на поголеми пожари на отворено што видовме како во минатото вакви пожари можат да предизвикаат катастрофални пожари со загрозување на безбедноста на луѓето, имотите и негативното влијание врз животната средина во нашата општина.
Неодговорното однесување на поединци може да предизвика несогледлива катастрофа на штета на целата заедница, затоа вниманието и одговорното однесување на секој поединец е потребно да се пренесе насекаде.
