Настап на ЖПГ “Ѓурѓа” од Делчево на меѓународниот фестивал на серенада во Радовиш
По блескавиот настап на првата ревијална вечер на овогодинишното 31 издание на меѓународниот фолклорен фестивал “Голачки фолклорни средби 2026” женската пејачка група “Ѓурѓа” од Делчево настапи на 16-тиот меѓународен фестивал на серенада кој што се одржа во Радовиш.
Во своето 16 годишно постоење овој бисер на музичката уметност од Делчево пред публиката на фестивалот “Саноќ седам- Радовиш 2026” под раководство на проф Елена Георгиевска се претстави со впечатливи музики нумери кои што го репрезентираат староградското пооење од овој дел од државата на најубав можен начин.
“Женската пејачка група „Ѓурѓа“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, настапи на XVI Меѓународен фестивал на серенада „Саноќ седам“ – Радовиш 2026.
Со својот настап, ЖПГ „Ѓурѓа“ го претстави Делчево и богатото македонско вокално фолклорно наследство, придонесувајќи кон убавината и разновидноста на фестивалската вечер.
Фестивалот е во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш, а покровител е Општина Радовиш.
Благодарност до организаторите за поканата и гостопримството!
#НУЦК#НиколаЈонковВапцаров#Делчево#Ѓурѓа#СаноќСедам#Радовиш2026#МакедонскиФолклор”
-напишаа на социјалните мрежи во своето соопштение за овој настап на ЖПГ “Ѓурѓа” која што работи во рамки на мизичко-сценската дејност на Националната установа центар за култура “Никола Јонкокв Вапцаров” Делчево
