ноември 4, 2026

Избувна голем пожар во атарот на село Бигла, делчевско, мобилизирани сите расположиви сили да се заштитат куќите и боровата шума

shumski_pozhar
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Општина Делчево ја информира јавноста дека беснее голем шумски пожар во атарот на с. Бигла кај Белчанско Маало во непосредна близина на спомен-собата на ороводецот на „Копачката“, дедо Митко. Пожарот е пријавен по 11ч, а гори борова шума и нискостеблести растенија, а како што информираат екипите од теренот, поради високите температури и сувата трева опасноста од проширување на пожарот е голема и во опасност е и самото село Бигла.

Во моментов на терен се екипи од Шумското стопанство, ТППЕ Делчево, екипи од МВР-Гранична полиција, а во гаснење на пожарот се вклучени и претставници од МЗ на с. Бигла. Поради сериозноста на ситуацијата на теренот и по наредба на градоначалникот Иван Гоцевски, активирани се и Просторните сили на Општина Делчево и побарана е помош од екипи од соседните општини и доброволните противпожарни друштва, како и од Дирекцијата за заштита и спасување.

Се апелира до граѓаните и месното население да се вклучат во акцијата за спас на шумата кај с. Бигла .

Извор: Општина Делчево

За авторот на оваа објава