ноември 12, 2026

Градоначалникот Гоцевски на терен ја координира акцијата на сите расположиви сили во борбата против пожарот во с. Бигла

783830742_1687841803342829_8292570361400137399_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Сите расположиви сили се на терен во борбата против огнената стихија која го зафати атарот на селото Бигла во Делчево. Борбата со огнените јазици е на повеќе фронтови од страна на големиот број на противпожарни екипи но и граѓани кои се придружија на терен.

Побарана е помош од државата, интервенираат воздухоплови на ДЗС, во гасењето на огнот се вклучени пожарникари од сите соседни општини но пожарот се уште не е ставен под контрола.

Градоначалникот Иван Гоцевски е на терен со командните екипи и реагира на лице место за сите потреби што се јавуваат околу логистиката за пожарникарите.

“Борбата со пожарот во с.Бигла продолжува! На терен се сите расположливи сили и средства со цел успешно да се справиме со огнената стихија.”

-напишаа кратко од општина Делчево на нивниот веб сајт.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

За авторот на оваа објава