ноември 3, 2026

Концерт на “Вива Стрингс” во Делчево- убава можност за инспирација и уживање на сите љубители на музиката

ChatGPT Image Aug 20, 2026, 09_10_08 AM_2
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Во среда 27.08.2026 година во фоајето на Спомен домот АСНОМ Во Делчево ќе се одржи концерт на класична музика на гудачкиот квартет “Вива Стрингс” од Скопје.

Концертот е во организација на Националната установа центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево а истиот се реализира во рамки на манифестацијата “Денови на успеси на Делчево”.

Влезот за настанот за сите граѓани е бесплатен.

Гудачкиот квартет „Вива Стрингс“ претставува класичен камерен состав, составен од две виолини, виола и виолончело.

Вива Стрингс е ансамбл оформен во 2011 година, на иницијатива на Дејан Теодосиевски, а со взаемна желба на сите негови членови. Целта на неговото формирање е заедничко музицирање, како поле за индивидуално презентирање и етаблирање на сите негови членови. Со оформувањето на овој состав, неговите членови бараат алтернативен простор за сопствена афирмација, за сопствен израз, што во голема мера е веќе постигнато.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Од своето формирање до денес, Вива Стрингс се редовен претставник на камерното музицирање на голем број свечености, промоции и слични настани, каде јасно и недвосмислено ја етаблираат класичната музика и квалитетната уметност на пошироката публика.

Сите членови на Гудачкиот квартет се редовно вработени како музичари во НУ Македонска филхармонија, каде важат за истакнати и докажани професионалци. Тројца од нив се и членови на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија.

За авторот на оваа објава