ЈЛБ “Илинден” Делчево започнува со редовната ревизија на книжниот фонд
Јавната Локална Библиотека “Илинден” од Делчево наредната работна недела ќе започне со редовнатат и законски дефинираната ревизија на целокупниот книжевен фонд што го имаат на располагање.
За таа цел поради зголеменит обем на работни обврски упатија порака кон сите читатели кои што ги користат услугита на делчевската библиотека да имаат трпение при позајмувањето на книги од страна на граѓаните.
“Почитувани членови,
Ве известуваме дека од понеделник, 24 август, ЈЛБ „Илинден“ – Делчево започнува со ревизија на книжниот фонд.
Ревизијата е законска обврска на библиотеката и е неопходна за евидентирање, проверка и усогласување на целокупниот библиотечен фонд. Предвидено е да заврши до крајот на годината, а во процесот ќе бидат вклучени сите вработени во библиотеката.
Нашата цел е ревизијата да ја завршиме пред предвидениот рок, со што побрзо ќе продолжиме со редовните активности и услуги за нашите читатели.
По завршувањето на ревизијата во матичната библиотека, ќе следува и ревизија на книжниот фонд во клонот на библиотеката во Македонска Каменица.
Ве молиме за разбирање, трпение и поддршка во периодот додека трае оваа обемна и значајна активност.
Ви благодариме што сте со нас и што заедно се грижиме за нашето книжно богатство. ”
-напишаа на социјалните мрежи од ЈЛБ “Илинден” Делчево во врска со оваа активност
