Подготовки пред почетокот на учебната година во ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево
Менаџментот на ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево заедно со сите надлежни органи интензивно се подготвуваат за почетокот на новата учебна година која ќе започне на 1 септември.
За таа цел веќе се изврши задолжителната дезинсекција, дезинфекција и дератизавија како на зградите и просториите на училиштево во Делчево така и на зградите и просториите на подрачните училите во селата а исто така се извшија сите технички и логистички работи за ставање во функција на спортските терени, објекти, реквизити и простории кои ги користи училитето за воспитно-образовниот процес.
Во врска со овие активноти менаџментот на училиштето упатијавна благодарност до Организација “Жена” Делчево за поддршката и соработката
