Следува изложба на автомобили во Делчево со многу забава, дружење и натпреварување
Во недела (16 август) денот во Делчево е резервиран за голем мото собир на голем број учесници-сопственици на автомобили од целата држава.
Здружението на граѓани “Кралеви на патиштата” кај гратскиот пазар во Делчево во неделата со почеток во 13.30 часот организираат убава дружба каде сопствениците на моторни возила ќе може да си ги изложат своите моторни миленици во натпреварувачки дух да утврдат кој има најрепрезентативно т.е. најдобро тунирано возило.
На настанот се предвидени настапи на ДЈ‑и а ке има понуда на стрит фуд и многу освежителни пијалоци.
“Со големо задоволство ви го најавуваме нашиот втор официјален настан! Ден исполнет со добра дружба, уникатни автомобили, вистинска tuning атмосфера и уште многу друго! 🔥
📍 Делчево
📅 16 август
Подгответе се за гласна музика, големи награди, интересни игри и незаборавно искуство! 🚗
💨Повеќе информации наскоро… Stay tuned”
-напишаа на социјалните мрежи од страна на организаторите во врска со овој настан.
