Повеќе од успешна студиска посета на Словенија, Делчево ќе биде побогато за непроценливото позитивно искуство на волонтерите
Меѓународната соработка на Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски се повеќе зема замав согласно неговите политички определби да ја етаблира општина Делчево рамо до рамо со модерни и напредни европски општини пред се во интерес на подобрување на стандардот за живеење на сите делчевани.
Од својата студиска посета на општина Черномељ од Република Словенија која завршува денеска Градоначалникот Гоцевски заедно со Директорката на ЈЗИ “Гоце Делчев” Делчево Билјана Георгиевска како и групата на млади волонтери која се обучуваше за различни вештини изминатите денови, во Делчево ќе донесат непроценливо искуство кое што ќе значи трансфер на многу нови позитивни искуства во работата на институциите во иднина.
“Успешна посета на Општина Чрномељ – Република Словенија
Градоначалникот Гоцевски, заедно со волонтерите на ОО на Црвен крст – Делчево и ДПД „Волонтер“ – Делчево, денес ја завршуваат својата плодна посета на Општина Чрномељ во Република Словенија.
Во рамки на посетата, во присуство на градоначалникот на Општина Чрномељ, Андреј Кавшек, беа разменети искуства и идеи со повеќе институции, организации и наши успешни иселеници кои живеат и работат во Словенија.
Посетата претставува одлична можност за воспоставување нови партнерства, споделување добри практики и продлабочување на соработката меѓу Делчево и Чрномељ.
Посебна благодарност до домаќините за срдечниот пречек, отвореноста и гостопримството, како и до сите учесници кои придонесоа оваа посета да биде исклучително успешна.
Заедно градиме мостови на соработка, пријателство и солидарност! ![]()
![]()
![]()
#Делчево#Чрномељ#Соработка#ЦрвенКрст#ДПДВолонтер#Волонтерство#Македонија#СловенијаЌ
-напишаа од страна на општина Делчево во свое соопштение во врска со оваа посета на делегацијата од Делчево предводена од Градоначалникот Гоцевски на општината Черномељ во Словенија.
