ноември 3, 2026
istevnicki_kukulje_2011

Истевнички Кукуље

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Легендата за Кукуљето во Пијанечкиот регион што се пренесува од генерација на генерација, во форма на народни кажувања, вели дека во дамнешни времиња на овој простор се случила свадба. Невестата и нејзиното семејство се наоѓале во село Нов Истевник, а сватовите со младожената биле од северниот дел на Пијанецот. Притоа на свадбата биле поканети и кумови и музичари од повеќе населби (од с. Ѕвегор од с. Град, с. Вирче…), .

Кога бил даден зборот за мажење на невестата, се собрале сватовите заедно со кумовите и музичарите и тргнале кон атарот на село Нов Истевник да ја земаат невестата. По пат оваа група на свадбари била пресретната од повозрасен човек, кој што побарал младоженецот да го почести со ракија за да биде бериќетна свадбата. Наместо да му излезат во пресрет на барањето на сиромашкиот старец, младоженецот и сватовите сафатени од веселбата и еуфоријата на музиката, на старецот му дале да се напие урина, по што го исмевале на највулгарен начин.

Ѕвегорски Кукуље

Фатен во својата неприлика старецот се помолил на Бога да ги претвори во камења овие луѓе кои што му даваат да пие од урината, по што Господ-Бог ја слушнал неговата молитва и сите луѓе па и нивните кучиња и мачиња што учествувале во свадбата ги претворил во камени кукли- Кукулиња.… и тие во селото Ѕвегор и тие во селото Град и тие во селото Вирче што веќе тргнале на свадба и тие над селото Тработивиште но и тие во селото Истевник кај што невестата заедно со нејзините блиски ги чекале сватовите.

Тработивишки Кукуље

За авторот на оваа објава