Се започна пред 20-тина години: Расадничка вечер стана препознатлив бренд за добра забава и многу дружење за сите делчевци и многу посетители од страна
Денеска жителите на населбата Стар Расадник имаат посебна причина да бидат горди.
Група на помлади дечки кои што имаа голема желба за заедничка дружба и многу забава пред 20-тина години воспоставија пракса која потоа речиси сите други населби вбо Длечево почнаа да ја практикуваат.
Пред 20-тина години неколкумина иселеници од оваа делчевска населба повикаа музика, поставија импровизирани шанкови во населбата и ја започнаа традицијата која оваа 2026 година се одржува по 21 пат и тоа во можеби нејзиното најубаво и највесело издание
Македонските фолк ѕвезди Василија Петрова и Благоја Гријовски ќе запеат заедно со илјадниците грла на сите посетители кои што се најавени да присуствуваат на финишот на ова “Свежо делчевско културно лето” кое што неколку недели наназад се реализира речиси во секој агол од општината во секое населено место.
21 та “Расадничка вечер” во населбата Стар Расадник ќе започне околу 20.00 ќасот и ќе трае доцна во ноќта а се очекува на настанот да присуствуваат неколку илјади граѓани.
Изминатиот викенд во рамки на оваа манифестација се реализираше повеќедневен спектакуларен музички настан за кој импресиите се уште не стивнале помеѓу сите оние граѓани кои можеа да бидат дел од оваа свежа летна приказна во Делчево.
Со ваквите репрезантивни настани со општина Делчево се позиционира на мапата на динамични туристички дестинации и прерасна во атрактивно место за забава, за посета на туристи од различни таргет групи.
