Конечно изградена новата улица од влезот на ТППЕ Делчево и полициската станица на МВР во централното градско подрачје
Денеска завршиија изведбените работи за изградба на нова улица во должина од 150 метри на потегот од службениот влез на ТППЕ Делчево и задниот влез на полициската станица во Делчево во централното градко подрачје.
Станува збор за клучна собирна улица која што има огромно позитивно влијание кон проектираниот развој на централното градско подрачје како и за обезбедување на поголема проточност на сообраќајот од околните станбени и деловни објекти како и јавни институции.
“Особена чест и задоволство ми е што конечно ја реализиравме изградбата на дел од Улица 1, на потегот од Територијалната противпожарна единица кон новите згради „Дамјанов“. Станува збор за целосно нова улица во должина од 150 метри, за која граѓаните со години наназад имаа оправдани очекувања да биде изградена.
Со изведбата на атмосферската канализација и новата сообраќајница, решаваме долгогодишен инфраструктурен предизвик во централното градско подрачје и обезбедуваме подобри услови за живот за жителите.
Најголемата сатисфакција е кога проектите што долго време биле само потреба и барање на граѓаните, конечно стануваат реалност.
Продолжуваме посветено да работиме на развојот на секој дел од Делчево, со конкретни проекти што носат трајни придобивки за сите граѓани.”
-информираше градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект за сите делчевчани.
