ноември 12, 2026

Средба на Градоначалникот Гоцевски со Рок Шарлохар од Словенија по потекло од Делчево

773841038_3000574516951865_4305724017503178918_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Во рамки на неговата работна посета на Словенија Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски покрај многуте други средби и настани денеска се сретна со Рок Шарлохар- поранешниот ремрезентативец на Република Македонија во хокеј на мраз кој што е по потекло од Делчево а живее и работи во Словенија.

Во меѓусебниот подолг разговор и дружењње со овој наш успешен спортист, Градоначалникот успеал да размени повеќе идеи и иницијативи за меѓусебна соработка, преку кои овој врвен спортист може да помогне во напорите на општината и Градоначалникот за раџвој на локалната заедница.

“Денес остварив една навистина убава и драга средба со уште еден наш ДЕЛЧЕВЕЦ – Рок Шарлохар (Rok Šar­lohar).

Рок по потекло е од Делчево, а во минатото беше и репрезентативец на Република Македонија во хокеј на мраз. Денес својата спортска приказна успешно ја продолжува во Република Словенија, каде што е претседател и активен играч на актуелниот шампион во хокеј на ролери, HK Dolen­jes­ki Toplice.

Ваквите средби се потсетник дека од нашето Делчево потекнуваат луѓе со големи способности, посветеност и успеси, луѓе со кои навистина треба да се гордееме. 🇲🇰❤️

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Рок, ти посакувам уште многу успеси на спортски и на личен план!

Горди сме на нашите ДЕЛЧЕВЦИ, каде и да се! 👏🏆

#НајдобротоОдДелчево

#Делчево#Делчевци#Гордост#Спорт#Хокеј”

-напиша на социјалните мрежи градоначлникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со оваа средба.

За авторот на оваа објава