ноември 4, 2026

Жителите на село Ѕвегор добија нова современа сообраќајница за подобар животен стандард

7a3f0445-7a27-4fe7-8570-62350c5ff3cc_resize
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Изминатите недели градежна екипа на фирмата изведувач интензивно работеше на изградбата на новата улица во село Ѕвегор која што е инвестиција на Владата на Република Македонија а проектот е подготвен од страна на општина Делчево.

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски преку социјалните мрежи денеска објави дека успешно е завршена последната фаза за асфалтирањето на оваа значајна сообраќајница која се протега во центарот на селото и секојдневно ја користат голем број на граѓани.

“Целосно е завршена изградбата на новата улица во село Ѕвегор!

Со должина од околу 90 метри и вредност од 671 илјади денари, оваа улица значи подобри и побезбедни услови за жителите на овој дел од селото.

Средствата се обезбедени од Владата, а изведувач на работите е СД „Транс“ – Ѕвегор.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Со овој проект одговараме на долгогодишните барања на жителите и покажуваме дека нивниот глас има слух и дека нивните барања се претвораат во конкретни дела.

Продолжуваме да работиме посветено, со проекти кои значат подобар живот за граѓаните.

Подеднакво се залагаме како за урбаните така и за руралните населени места!”

-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Градоначалник на Делчево во врска со реализацијата на овој проект.

За авторот на оваа објава