Сподели

Бог кога дарувал убавина, овде на ова место се заборавил…
Од памтивек овде месечината сјае посилно од сонце, а сонцето го гали овој предел како свое дете.
Пред повеќе децении кога како деца го копавме тутунот на баба ми на оваа нива, сватив на која точка се раѓа првиот зрак на утринското сонце, за после некое време на тоа место ги копавме темелите на куќата…
и денес на тоа место кога изгрева сонцето пополека лазат првите зраци на перницата на која се будам секој ден…
Нема ништо поубаво кога еден човек живее безвременски… Овде на ова место минатото е исто што и сегашноста а и она што ќе биде иднината…
Овде времето нема вредност, овде човек само живее.…

Извор: Фејсбук