
На 4‑тата седница на Совтот на општина Делчево меѓу другите одлуки беше донесена и одлука за донесување на Програмата за извршување на јавни работи за 2026 година.
Со 12 гласови ЗА и 3 советници воздржани беше донесена оваа одлука која што по природа треба да донесе зголемена јавна чистота и уредени јавни површини во обемот на работни активности наведени во самата програма.
Оваа програма има за цел да го подобри квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат на
територијата на општината преку ангажирање на невработените лица од социјален ризик на
возраст од 30 години до 64 години преку нивно директно извршување на задачи од областа на
заштитата на животната средина и природата,како и одржување на јавната инфраструктура и
локалните патишта и улици на територијата на Општина Делчево, планирање и чистење на
банкини,патни канали,патниот појас на локалната мрежа во Општина Делчево, кастрење на
вегетацијата,чистење на наноси од земја и песок.
Горе наведените работи се од јавен интерес за граѓаните од општината, заради што се
планира нивно извршување со времено ангажирање на работници согласно член 84 од Законот
за вработување и осигурување во случај на невработеност.
Како директни корисници на оваа програма ќе бидат вкупно 20 (дваесет) ангажирани лица за 2026 година, додека индиректни корисници се семејствата на директните корисници и сите граѓани на
општината.
Периодот на имплементација на ова програма е во временски период од 11 (единаесет) месеци,
имено од месец Фебруари, 2026 година до месец Декември, 2026 година.
За извршување на неведените програмски работи ќе бидат ангажирани најмногу 20 (дваесет)
лица со скратено работно време од 4 (четири) часа дневно односно 20 часа неделно. За времето
и бројот на ангажираните лица ќе одлучи Градоначалникот во зависност од потребите за вршење
на јавните работи.
Ангажираните лица предвидено е да бидат од редот на невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување кои ќе бидат избрани врз основа на посредување, преку формирање на Комисија за селекција која се состои од вработени лица во Општина делчево, Агенцијата за вработување-Центар Делчево и ЈМУ Центар за социјална работа град Делчево.
Општина Делчево како организатор на јавните работи од Буџетот на општината ќе ги финансира
сите трошоци за извршување на јавните работи кои се однесуваат мал алат и опрема,ситен
потрошена материјал и надоместок за извршување на јавните работи.
Лицата кои се ангажирани потпишуваат Договор за финасиска поддршка на невработено лице
вклучено во јавни работи кој за еден месец работа изнесува 17.600 денари за четири часа работно
ангажирање секој работен ќе им се исплатува 800,00 денари на дневна основа , осигурани се во
случај на несреќа преку економски оператор кој го има изберено Општина Делчево за вршење
на ваков вид на услуги во висина од 100,00 МКД, и пресметаниот персоналниот данок се на товар
на Општина Делчево.
Предвидени активности за имплементација на оваа програма се следните:
- *ЈКП“Брегалница“Делчево
Лицата кои ќе бидат ангажирани во Јавното комунално претпријатие ќе учествуваат во
имплементација на следните активности: ‑Чистење на ендеци и тоа:
*дел од ендек на река Габровчица во должина од 200 метри;
*дел на ендек Грозданец во должина од 180 метри;
*дел од ендек Пустевски во должина од 300 метри; ‑Чистење и уредување на Пешачки патеки
*пешачки патеки во градот Делчево со површина од 1300м2;
‑Санација на постоечки улици
*санација на постоечки тротоари со бекатон со површина од 600м2; ‑Чистење на сливници,каналетки
*чистење на сливници и решетки од атмосферска канализација 100 броеви;
*чистење на каналетки и пропусти на општински патишта во должина од 1000 метри ;
*чистење на вегетација во патниот појас на општинските патишта во должина од 3000 метри;
-Одржување на постоечка вертикална сигнализација и сообраќајна опрема
*вртење, исправување на оштетен, наведат или сообраќаен знак (табла) и столб од удар низ
градот (зајакнување, бушење, заштрафување по потреба;
*ископ,изработка на темел и поставување на столб на постоечки сообраќаен знак со бетонирање (доколку има темел се врши само поставување);
*стружење на стара боја од столб за сообраќаен знак и негово префарбување два пати;
*остранување(демонтирање) и дислокација на постоечки оштетени столбови,сообраќајни знаци
и опрема;
*монтажа на постоечки гумирани елементи од техничките средства за забавување на сообраќајот
со типли,штрафови,завртки);
-Одржување на урбана опрема
*фарбање на клупи,детски игралишта,рукофати,мостови;
-Одржување на спортски терени
*косење на трева на фудбалски терени,тенески терени;
