Сподели

Во рамки на програмските определби на градоначалникот на општина Делчево, општинскиот буџет за тековната 2026 година ќе овозможи значително подобрување на мерките и активностите за социјална заштита на територијата на општина Делчево.

Станува збор за воведување на нови мерки воспоставени по укажана потреба од граѓани и граѓански организации во директна комуникација со градоначалникот Гоцевски и неговиот веќе воспоставен систем за постојана комуникација со граѓаните во изминатиот период.

Во врска со исполнувањето на ова негово ветување градоначалникот Гоцевски упати своја порака преку социјалните мрежи:

“Месец Февруари го започнуваме со реализација на уште едно мое ветување од кое ќе имаат придобивка граѓаните на Општина Делчево!

На последната седница на Советот на Општина Делчево одржана на 30.01.2026 година Советниците

Во оваа година покрај веќе востановените мерки како што се: помош за социјално ранливи категории на граѓани и семејства, помош за лица/семејства погодени од несреќи и др. елементарни непогоди, помош на невработени лица кои тешко се снаоѓаат на пазарот на трудот, помош и грижа за стари и изнемоштени лица, помош и грижа за лица со посебни потреби, помош и грижа за децата промовирање и развој на нови социјални услуги, воведуваме нови мерки кои ќе придонесат за социјална сигурност за одредени категории на лица/семејства и кои досега немале основ за остварување на права од Програмата за социјална заштина на Општина Делчево.

Новите мерки се однесуваат на следните категории на граѓани:

✅ Еднократна парична помош за еднородителски семејства во износ од 10.000 денари,

✅ Еднократна парична помош за лекување на онколошки пациенти во износ од 10.000 денари и

✅ Еднократна парична помош за рехабилитација на ученици со мускулна дистрофија во износ од 20.000 денари.

За реализација на Програмата за социјална заштита за 2026 година предвидени се вкупно 13.689.339 денари, од кои 10.832.339 денари ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Делчево за 2026 година а 2.857.000 денари ќе бидат обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и други институции.

Целта на Програмата за социјална заштита на Општина Делчево за 2026 година е спречување и надминување на социјалните ризици во кои можат да се најдат ранливите категории на граѓани од нашата општина”

-напиша на својата фејсбук страница делчевскиот градоначалникот.