Монументален сјај од новиот снег на плеќите на вековното античко Градиште во село Град

DSC_0082 edit1_resize
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Старата римска тврдина недалеку од мојот двор го облече белото гунче на своите плеќи!

И кога ќе погледнам наназад, кон сите можности што сум имал за да заминам по белиот свет, би рекол дека ова е местото каде најмногу припаѓам.

Домот на моите претци, последниот одбрамбен бедем на народот од ова исконско место под сонцето.

Ова место е благословено од Бога со преубави раскошни пејсажи во секое време од годината, но она што најмногу го краси селото Град се луѓето.

Тоа се чесни и горди луѓе, луѓе научени на секакви премрежја низ историјата но никогаш, никогаш не го изгубиле својот жар и добрина.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Недалеку под оваа сцена во стара трошна куќа се одржал Првиот состанок за формирање на Околиски народно-ослободителен одбор кој што бил де-факто народна власт на слободните територии во Пијанец во септември 1944 година. На состанокот одржан во село Град на кој присуствувале делегати од сите ослободени територии во Пијанец за претседател на НОО бил избран Јордан Белогаски а Васил Ѓоргов бил поставен за Секретар.

Извор: Фејсбук

За авторот на оваа објава