Сподели

Делегација од општина Делчево предводена од Градоначалникот Иван Гоцевски во која учество зедоа и директорот на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево Златко Начовски и членови на фолклорната група “Вапцаров” Делчево присуствуваа на настан за промоција на културната иницијатива “Вечери на Балканите” која ште беше организирана од страна на Амбасадорката на Република Македонија во соседна Бугарија Агнеса Руси во соработка со општина Благоевград.

Во петок вечерта на 30 јануари 2026 година беа презентирани бизнис можностите за подобрување на економијата и соработката меѓу двете држави и двете прекугранични општини кои што и досега имаат богата прекугранична соработка во интерес на подобрувањето на животот на народот од двете страни на границата.

Во врска со оваа средба градоначалникот на Длечево упати своја порака во јавноста во која ги истакна придобивките од ваквата соработка:

“Она од што никој никогаш неможе да ме откаже е секаде да зборувам со полна уста љубов за убавините на Општина Делчево и Република Македонија.

Синоќа бев гостин на одлична средба која се реализираше во рамките на културната иницијатива „Вечери на Балканот-Македонија“, чиј партнер е амбасадорката на Република Македонија во Република Бугарија, Н.Е. Агнеза Руси Поповска во Општина Благоевград во Република Бугарија.

Специјален гостин на вечерта беше делчевската Фолклорна група при НУЦК „Н.Ј.Вапцарова“. Нашите играорци одлично го промовираа македонскиот и делчевскиот фолклор и традиција. За мене беше вистинска чест и задоволство.

Општина Делчево е преубава Приказна која трае и опстојува рамо до рамо со сите општини во опкружувањето.

Зборував за нашите потенцијали за развој кои се несомнени и атрактивни за секој успешен бизнисмен кој што бара пријателска настроена локална заедница и управа.

Нашата цел е да создадеме динамичен проток на идеи, енергија и ресурси за да ги направиме нашите две општини лидери во локалниот економски развој во годините што доаѓаат.

Понудив одлични можностите за соработка:

-Во делот на културата и угостителството;

-Инвестиции во недвижнини;

- Туристичка инфраструктура и капацитети;

-Откупно-дистрибутивни центри;

- Логистички операции за интензивна и брза трговија;

-Производство на храна, фабрикати и полуфабрикати;

-Преработувачки капацитети од лесна и незагадувачка индустрија;

-Преработувачки капацитети на земјоделски производи;

-Спорт, соработка, животна средина…

Ова се само неколку идеи за размислување каде би можеле да оствариме плодотворна соработка на обостран интерес.

Општина Делчево е подготвена да ја пречека и помогне секоја корисна иницијатива и развој на бизнис план.”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски