
Локалниот економски развој на Делчево покрај потенцијалите за развој на лесна и незагадувачка индустрија, во голема мера се базира на Туризмот со повеќе негови видови на дејности.
Она што беше дел од неговата предизборна програма за зголемено ниво на промоција и афирмација на општина Делчево во домашни и меѓународн рамки, пополека зема замав во активностите на општина Делчево.
Така покрај редовната комуникација со Владата на Република Македонија, ресорните министерства и владини агенции и институции, Градоначалниккот Гоцевски веќе е во сериозни контакти и со претставници на дијаспората и бизнис секторот надвор од државата.
На покана од Борјана Шалевска- заменик градоначалник за образование, бизнис развој, социјална и здравствена политика на Благоевград во петокот 30.01.2026 година Градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски присуствуваше на средба за претставување на бизнис можностите во Благоевград која беше организирана од страна на администрацијата на град Благоевград и Амбасадата на Република Македонија во Република Бугарија.
На средбата свое претставување на бизнис можностите на Благоевград имаше градоначалникот на Благоевград Методи Бајкушев.

На средбата на која присуствуваа голем број на официјални лица од Благоевград, претставници на бизнис секторот во присуство на амбасадорката на Македонија во Бугарија Н.Е. Агнеса Руси беа разменети бизнис портфолија на стопанството од двете страни на границата во интерес на подобрување на бизнис климата преку зголемена културна соработка.
На средбата беше промовирана културната иницијатива “Вечери на Балканите- Македонија” која се спроведува од страна на амбасадорката Руси.
Ми претставува посебна чест што ги претставувам потенцијалите за развој на Делчево на оваа значајна средба со претставници од бизнис — заедницата во Општина Благоевград на која се разменуваат добри практики, се поставуваат иницијативи за идна соработка, но се истакнува и важноста од продлабочување на партнерствата и креирањето конкретни активности кои ќе придонесат за одржлив развој и подобрување на економските услови во пограничниот регион.
Општина Делчево и Општина Благоевград, се традиционални партнери во прекуграничната соработка и досега заедно успешно се реализирани 4 проекти од ИПА- програмата, а во моментов се реализира петтиот проект со вкупна вредност од околу 1 милион евра европски пари. Средствата ќе се инвестираат во инфраструктурни проекти кои се во насока на подобрување на квалитетот на животот на жителите од пограничниот регион.
Во продолжение пренесуваме кратко видео од средбата во Благоевград кое што во јавноста го пренесе градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски
