Сподели

Последните снежни врнежи в Пијанец, неодамнешните есенски бои го трансформираа преубавиот пејсаж кај Манастирот “Св. Пророк Илија” во село Ѕвегор во прекрасна живописна снежна идила.

Манастирот кој што се наоѓа на само неколку километри од бугарската граница е пријатно место за сите верници и останати добронамерници за одмор и рекреација покрај жуборот на Ѕвегорска река. Живописната природа околу манастирот е со своја специфична убавина во сите годишни времиња така што посетителите може да уживаат во спокојството и мирот што го нуди овој преубав пејсаж

Манастирот е граден од самите жители на селото Ѕвегор подолги години а во рамки на комплексот има повеќе содржини обдарени од вештите раце на мајсторите од селото.

Денес манастирот “Св. Пророк Илија” е дел од Делчевско- Каменичката Епархија со кого управува Протосингел Јеромонах Висарион

Поради потребата за обезбедување на трпезарискиот објект од атмосферска вода и понатамошни оштетувања Јеромонах Висарион упати апел до сите добронамерни граѓани да помогнат во реконструкцијата на објектот за да продолжи да биде во функција на верницитеи во наредните години:

“Почитувани Ѕвегорци на општина Делчево!

Во изинатиов период, со Божја помош, во манастирот “Свети Пророк Илија”, се изврши комплетно реновирње на манастирскиот конак, потоа, целосно се обнови црквата во манастирскиот комплекс, како од надвор така и од внатре. Нови тоалети за посетителите.

Во годината што ни престои ако сакаме да вложиме труд, да се погрижиме за манастирската трпезарија.

Трпезаријава до сега се наоѓаше во одлчна состојба но во последно време позади трпезаријата има насип од земја околу 1,5 метар и тоа им овозможува како на питомите животни ( ловџиски кучиња) така и на дивите животни (лисици и др.) да се качуваат под ќерамидите на трпезаријата врз “ozb” таблите и да ги оштетат. Aко во побрз период не се превземе решение можно е и да падне таванот на трпезаријата.

Со нашето скромно мислење е да се извади земјата што е позади трпезаријата додека не се обезбедат средства за потпорен ѕин како трајно решение.

Објавата ја пишуваме со цел да размислуваме на овој пробем а понатаму ако има желба и љубов кон манастирот како трајна вредност, да се организираме и превземеме решение. Целта ни е не само да го сочуваме тоа што ни го оставиле постарите генерации но да го усовршиме и доизградиме за следните генерации.”

-стои во соопштението упатено до јавноста од Јеромонах Висарион