ноември 3, 2026

Влатко Миладиноски: На 7 август Делчево ќе биде центарот на Македонската музика

2 (1)_2
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Бомбастичната културно-забавна програма која градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски заедно со неговиот тим во соработка со НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” во рамки на манифестацијата “Свежо делчевско културно лето” ја подготвија за сите делевчани но и сите гости започнува на најдобар начин на 7 август на летната сцена во центарот на Делчево.

Покрај останатите спектакуларни настапи своја музичка револуција ќе има Македонската музичка ѕвезда Влатко Миладиноски кој заедно со својот брат и со нивниот оркестар за делчевчани и сите љубители на новокомпонираната Македонска музика ќе приредат незаборавна вечер покрај реката Брегалница под бескрајното ноќно небо од ѕвезди.

Како увертира за ова незаборавно дружење кое ќе се памети со години Влатко Миладиноски упати своја видео порака преку социјалните мрежи со која ги кани сите љубители на убавата Македонска музика да бидат дел од овој настан.

Целокупната богата програма за манифестацијата “Свежо делчевско културно лето” е прикажана во промотивните материјали во продолжение:

За авторот на оваа објава