Почна одбројувањето: 31 Голачки фолклорни средби- културна традиција како светилник за новото време
Традицијата на народот од Пијанец како специфичен етнолошко-историски географски простор плени со својата разновидност и обем, но она што ја чини пијанечката традиција е нејзиниот квалитет и животно значење.
Во традицијата на луѓето под планините Влаина и Голак од двете сѕтрани по течението на реката Брегалница денес егзистира духот на времињата, поминати, сегашни и идни. Овде премрежјата на времето кое како надвиснат товар од турбулентните векови над овие Македонски плеќи речиси и да нема значење, токму поради изградениот силно изразен идентитет во чии што пазуви е вткаена токму традицијата, фолклорот, народниот дух и карактер кој со пркос одолева на секакви закани.
Таа традиција денеска во 2026 година е силно изразена преку различни форми на манифестација кои во себе го носат допирот и мудроста на сите минати генерации Македонци кои потекнале и се втемелиле во аналите на историјата на овој географски простор.
Еден од носечките столбви на таа безвременска традиција е и Меѓународниот фолклорен фестивал “Голачки фолклорни средби” кој што оваа година ќе се одржи по 31 пат.
И повторно ќе грмнат тапаните, ќе забревта тамбурата, ќе заквичи ќеменето, ќе рикне зурлата, ќе засвири гајдата. Нашиот народ повторно ќе се качи на крилјата на својата неуништивост: Овде сме! Постоиме…
Националната установа Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево како еден од најсилните корифеи на пијанечката традиција и култура е организатор и ќе биде домаќин на едни од најзначајните фолклорни групи и ансамбли на Балканот а можеби и пошироко во Европа.
Според неофицијалните информаци во центарот на Делчево на летната сцена ќе продефилираат значајни Македонски анасмбли и групи но меѓународниот карактер на фестивалот подразбира и многу гости од странство од повеќе балкански држави. Ригорозната селекција на програмата направена од стручен тим кој стои зад организацијата на фестивалот за овогодинешното издание на Голачките фолклорни средби гарантира празник на фолклорнот на највисоко светско ниво.
За претставување на сите изведувачи од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево ќе следуваат голем број на објави преку нивните официјални канали за комуникација со јавноста а одбројувањето до самиот фестивал започна со подигање на фестивалскиот банер во центарот на градот.
“Запознајте ги учесниците на 31 издание на „Голачки фолклорни средби“!
Во пресрет на 31 издание на „Голачки фолклорни средби“, во наредните денови ќе Ви ги претставиме учесниците кои ќе бидат дел од овогодинешната фолклорна манифестација.
Преку посебни објави ќе имате можност да се запознаете со фолклорните ансамбли и културно-уметничките друштва, пејачки групи нивната историја, традиција и богатото културно наследство што ќе го донесат на сцената во Делчево.
Следете ја нашата страница и заедно одбројувајте до почетокот на уште едно незаборавно издание на „Голачки фолклорни средби“.
31 издание „Голачки фолклорни средби“ – традицијата живее, фолклорот обединува!”
-напишаа од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во свое соопштение за јавноста со кое го започнаа одбројувањето до 7 и 8 авгист кога ќе се случат првата и втората вестивалска вечер.
Од страна на општина Делчево и Градоначалникот Иван Гоцевски следуваат и многу содржински и програмски изненадувања по повод Голачките фолклорни средби и празникот Св. Пантелејмон кој во Пијанец се чествува со сите почести од страна на народот.
