ноември 5, 2026

После подолги години повторно светна јавното осветливање по должина на велосипедсо-пешачката патека од Делчево до с. Ѕвегор

753702394_1347478030914182_7241865645758957300_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Во изминатите недели екипи на ЈКП “Брегалница” Делчево со поддршка од општина Делчево интензивно работеа на детектирање и поправка на дефектот кој што беше причина за нормално функционирање на линијата за јавно осветлување долж велосипедско-пешачката патека на релација Делчево- с. Ѕвегор.

Оваа патека е една од најубавите патеки која што има преубави панорамски локации за видиковци и фотографирање на панорамски фотографии на Делчево и целата Пијанечка котлина. Истовремено патеката е одлично место за рекреирање и прошетки за различни категории на граѓани и тоа во секој период од денот. Затоа што патеката е релација на движење и на голем број на граѓани- жители на селото Ѕвеор нејзината важност е уште поголема.

Поставените канделабри претставуваат нужност за користење на патеката по стемнување а нивната нефункционалност беше голем проблем и долгогодишно барање на голем број граѓани за нивно оспособување и ставање во функција.

Градоначаникот на општина Делчево во соработка со Директорката на ЈКП “Брегалница” Делчево Марија Сумрачкапристапија кон решавањето на проблемот со што надлежни лица од комуналното претпријатие интервенираа на терен и од синоќа јавното осветлување долж оваа патека е во функција.

Имајки предвид дека во минатото светилките и самите канделабри беа предмет на уништување и рушење од дрвокрадци кои ја користеа оваа патека како алтернативна рута за транспорт на украдена дрвна маса, алармирањето и санкционирањето на потенцијални вакви дејанија е од особена важност за ефикасно користење на оваа велосипедско-пешачка патека долгорочно.Од општината упатуваат апел за пријава на

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

”✨ Вака му личи!

После неколку години, пешачката патека кон Ѕвегор повторно светна!

Го враќаме животот на местата кои граѓаните ги сакаат, за безбедни прошетки, рекреација и уживање во природата.

Продолжуваме со дела. Чекор по чекор, Делчево станува поубаво место за живеење”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со реализацијата на оваа активност.

За авторот на оваа објава