Плаво-белата боја на теренот и на трибините на градскиот стадион во Делчево- нови столчиња за љубителите на фудбалот
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски денеска реализираше една негова лична дамнешна желба која што ја посакуваше за бенефит на сите љубители на спортот во Делчево.
Градоначалникот Гоцевски денеска го потпиша документот за прием на донација на нови 1180 плаво- бели столчиња кои што ќе бидат посавени на бетноските трибини на градскиот стадион во Делчево а кои што ќе овозможат на љубителите на спортот и фудбалот на Делчево поблагопријатно да ги следат сите идни спортски натпревари на ФК Брегалница- Делчево.ж
Градоначалникот Гоцевски со своја лична порака преку социјалните мрежи упати благодарност до ФФМ и Претседателот Масар Омерагиќ за поддршката на општината Делчево в напорите за подобрување на условите за цлокупната спортска заедница во Делчево.

“Донацијата е обезбедена од страна на Фудбалската федерација на Македонија
Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево добива комплетно нов лик!
Со големо задоволство денес, како градоначалник на Општина Делчево, ја примив донацијата од 1 180 столчиња од Фудбалската федерација на Македонија, со што значително ќе се подобрат инфраструктурата и условите на нашиот градски стадион.
Оваа донација претставува уште еден важен чекор кон создавање подобри услови за спортистите, спортските клубови и сите љубители на спортот во Делчево.
Упатувам искрена благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до нејзиниот претседател, Масар Омерагиќ, за поддршката и препознавањето на потребите на нашата општина.
Продолжуваме да инвестираме во спортската инфраструктура и да создаваме подобри услови за развој на спортот и младите во Делчево.
#Делчево #Спорт#Инвестиции #ЗаПодоброДелчево #ФФМ”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски
