Градоначалникот Гоцевски во Спомен паркот во дворот на црквата “Пресвета Богородица” во Делчево одаде почит на комитите од последната чета на ВМРО во Пијанец кои загинале на денешен ден
Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски во придружба на свештени лице од делчевско-каменичката епархија одаде почит на гробот со спомен плочата на комитите од последната чета на ВМРО кои што загинале на денешен де 18 април во 1933 година во пресметка со жандармеријата стационирана во некогашната полициска станица во селото Драмче.
“Денеска се поклонив пред спомен плочата на комитите од последната чета на ВМРО во Пијанечкиот регион, оддавајќи им заслужена почит на храбрите луѓе кои ги положиле своите животи за слободата на нашиот народ.
Комити кои загинаа за Македонија!
На 18 април 1933 година, во тогашното Царево село, тие влегле во нерамна борба со тогашната жандармерија, по долг период на притисоци и репресии врз македонското население во Пијанец и Малеш. По нападот на полициската станица, четата била опколена од засилени сили, и покрај силниот отпор, во жестоката и нерамноправна битка загинале војводата Дончо Христов и неговите соборци – Јангел Симеонов, Митко Паликрушов, Стојан Георгиев и Васил Николов. Нивните раскрвавени тела биле однесени на тогашниот народен и вераки собор по повод Источен Петок-Балаклија.
Во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, на местото каде што денес почиваат нивните коски, положив свежо цвеќе како знак на благодарност и почит.
Овие луѓе се дел од темелите на нашата историја и идентитет како Делчево и како народ. Нивната жртва нè потсетува на цената на слободата и на обврската да го чуваме споменот за нив – со достоинство, почит и одговорност кон идните генерации.
Се обврзувам и како Градоначалник, но и како Македонец ова место многу наскоро да добие многу подобар лик и дa биде препознатлива точка за секој еден наш сограѓанин!
Слава им!”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски.

По убиството на комитите во нерамноправната борба во која загинале повеќекрато повеќе припадници на жандармеријата, нивните тела биле донесени на собориштето кај манастирот Св. Богородица (Источен Петок) Балаклија во подножјето на планината голак во атарот на некогашното Царево село, за да бидат плашени локалното население за тоа што би можело да го снајде секого кој што ќе се одлучи да се пресметува со тогашната српска власт на територијата на Пијанец.
Вечерта на 18 април телата на комитите на ВМРО биле тајно подигнати од свештено лице и однесени во дворот на црквата “Пресвета Богородица” каде биле погребани.
На нивниот дотогаш необележан гроб во 2010 година беше подигната спомен костурница и уреден парк, каде беше поставена спомен плоча на кохја беа испишани имињата на комитите кои загинале во одбрана на локалното население од репресалиите на догашната кралска жандармерија.
ГАЛЕРИЈА: 9 Мај 2010 година- Пуштање во употреба на Спомен парк посветен на Последната Пијанечка чета на ВМРО во дворот на градската црква “Пресвета Богородица” во Делчево
Повеќе информации за последната пијанечка чета на ВМРО може да проследите во нашиот текст: Погинаа за својот народ во деновиве пред 93 години: Последната пијанечка вооружена чета комити на ВМРО од Пијанец












