Изведба на Македонската химна на класична гитара од Дарко Тасевски како поздрав за неговите војнички другари
Делчевскиот музичар, гитарист и автор Дарко Тасевски на сосема уникатен начин го поздрави своите војнички другари од ШРО со изведба на Химната на Република Македонија на класична фламенко гитара во негов аранжман.
Дарко Тасевски е еден од најпродуктивните музички автори во овој дел од државата кој твори своја авторска музика во различни музички правци: Блуз, рок, традиционална Македонска музика, класика, барок.
Неговото творештво може да се проследи на неговиот јутјуб канал каде се застапени сите негови досегашни музички изданија.
Во продолжение ќе пренесам неколку негови композиции за да свати публиката за каков дијапазон на музичар станува збор.
