Погинаа за својот народ во деновиве пред 93 години: Последната пијанечка вооружена чета комити на ВМРО од Пијанец

tsarevo-selo-cheta-imaro-69a501
Сподели

Осумнаесетти април 1933-та година….Драмче, Царево село, Пијанец, Македонија…..Од рани зори е нападната полициската станица во ова пијанечко село…

На едната страна припадници на српската жандармерија, а на другата четниците од последната пијанечка чета на комити која делувала на овој терен веќе близу една деценија под водство на војводата Дончо Христов, роден во село Драгобраште (денешна Општина Кочани). По ликвидацијата на деветмина српски жандарми четата е опколена од страна на засилени српски жандармиски сили од околните места и во нерамна борба погинуваат последните вооружани горостаси на тогашната Внатрешно-македонска револуционерна организација во регионот на Пијанец.

Нападот на полициската станица бил директно испровоциран од страна на разбојнички акции и репресалии превземани од тогашните српски власти врз македонското селско население во регионот на Пијанец-Малеш, подолг период наназад и директен одговор на ВМРО за заштита на сопствениот народ.

Нерамноправната битка завршила кобно за Дончо Христов, Јангел Симеонов (роден 1892 во тогашното Царево село-денес Делчево), Митко Паликрушов (роден во Виница), Стојан Георгиев (роден 1898 година во село Драгобраште-Кочанско) и Васил Николов (роден 1895 година во село Кучичино-денешна Бугарија), но истовремено оваа битка била кобна и за уште 20-тина српски жандарми и 40-тина повредени од страна на српската власт.

По завршетокот на борбените дејствија телата на загинатите комити биле јавно поставувани на повеќе места и фотографирани, за да на крај завршат на собориштето кај манастирот Св. Богородица Балаклија каде се одвивал надалеку познатиот собор посветен на празникот Источен (црн) петок Балаклија, како воен трофеј и успех на тогашната српска власт во сузбивањето на македонското револуционерно движење. Од тука телата биле земени од страна на свештени лица и погребани во дворот на централната црква на тогашното Царево село, каде денеска стои спомен плоча на која се испишани имињата на загинатите комити под осумнаесеткракото сонце исклесано во камен над жуборливата фонтана изградена во знак на нивно сеќавање и почит.

Спомен плочата на гробот на комитите од последната чета на ВМРО во Пијанечкиот регионУредената костурница на отворено каде почиваат коските на комитите во дворотна црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево

Кои се овие луѓе, од каде се, за што се залагале и бореле и на крај за кого умреле?

Ова се прашања чиј одговор е повеќе од јасен, но некому оваа вистина ни малку не му се чини валидна…. Исто како и многу други слични прашања поврзани за оваа тема….

Но вистината е една и единствена….Овие луѓе родени од жуборот на Брегалница, во прегратките на планините Голак, Влаина, Осогово, под допирот на ветерот на живописните шуми, се залагале, бореле и животот го положиле за народот кој живеел во овој регион…Регион на Пеонците, луѓе родени од вистината…. Вистината за сопственото постоење…Луѓе кои и ден денеска ја раскажувааат истата вистина….

Јунаштвото и саможртвата на овие херои на Македонскиот народ се историски доказ дека навистина Македонската историја е преполна со моменти кои до ден денешен одекнуваат со својата силина и интензитет

Еден од тие моменти е и нападот на српската жандармерија во село Драмче, утрото на 18-ти април во 1933 година.

Далеку помалкубројни, влегле во сценарио на сигурна смрт за да го заштитат локалното население од репресалии.

Мотивите за нападот над српската полиција не се до крај историски разјаснети.

На 18 (во некои документи се спомнува 19 април) 1933 година се одвива и најкрвавата битка помеѓу дел од Царевоселската чета на војводата Дончо Христов и неговите соборци: Ј(А)нгел Симеонов од Царево Село, Стојан Георгиев од село Драгобрашта- Виничко Васил Николов од Кучичино- Кочани и Димитар (Митко) Паликрушов од Виница и српските џандари и војска .

Оваа петорка комити на чие чело бил поставен како водач Димитар (Митко) Паликрушов, по задача на организацијата на ВМРО од Горна Џумаја и по претходно разработен план, се упатила кон Пијанец со задача да ја нападне џандармериската станица во село Драмче.

Четата ја опколила станицата и започнала борба со српските џандари успевајки во борбата да убие 9 џандари. Додека траела борбата, била известена српската војска и џандармерија во Царево Село, која им дошла во помош на џандарите во Драмче. Четата била опколена од бројна војска, џандари и контрачети и не успеала да се повлече преку границата. Во оваа нерамноправна борба, комитите успеваат да убијат уште 20 српски војници, а 40 да ранат, но на крај сите се убиени или се самоубиваат да не паднат живи во раце на не

пријателите,

-пишува во својата Монографија “Делчево” авторот, публицист и новинар Славчо Десподов.

Оваа нивна саможртва за каузата на историското ВМРО ќе остане запаметена за идните генерации да се раскажува како историска вистина. Вистина која ќе го чува споменот на последните вооружани комити на тогашната Внатрешно-македонска револуционерна организација во регионот на Пијанец

Слава им на јунаците…Ги имало и ке постојат….Засекогаш….

About The Author