Фељтон: 150 години Разловечко востание (деветти дел)- Лични импресии и пораки за благодарност од главниот настан на 19 мај 2026 во село Разловци (цела фото галерија)
Ќе бидам скромен ако кажам дека грандиозната манифестација за одбележување на 150 годишнината на Разловечкото востание е дело само на еден човек.
19 мај 2026 година во село Разловци беше круна на една визија, но и подолготрајни планирања, работа, труд, настојувања, убедувања, лобирање, понекогаш и неопходни расправии со зголемен тон, инсистирање на запазување на детали, координација и комуникација.
Сето тоа што можеше да го види делчевската, Македонската но и светската јавност беше пред се изворно, од народот, од луѓето.
Институциите на државата како локални така и централни беа поставени во улога да го подогнат на повисоко ниво на видливост, тоа што извира од Македонскиот народ и да му дадат вистинско значење на тоа што биле негирано, заборавано, потиснувано и опструирано.
А тоа е: желбата за слободна Македонска држава родена со сопствена борба, сопствени сили на мисла и дела, без дотур на финансиски сретства, или било какво надворешно влијание, со чисто срце и љубов за каузата.
Сакам од дното на душата и срцето да се заблагодарам на Македонскиот Премиер проф д‑р Христијан Мицкоски, но и на човекот од неговиот тим на кој кога во една прилика пред 3 месеци го слушна на мое спомнување контекстот на зборот “Македонија” во Разловечкото востание, му светнаа очите ретко забележано на друго место од моја страна.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков е човекот кој даде дополнителна жар и поттик за сето тоа што го виде јавноста да добие едно повисоко ниво на симболика и значење.
Сакам да се заблагодарам на мојот кореспондент од Генерал штабот на Македонската армија кој го остави своето срце во организацијата на сите настани и активности кои целокупната јавност можеше да ги посведочи во текот на вчерашниот ден како плод на месечни координација и планирања, Г‑сподин Златко Павлоски кој засекогаш во моите ум и разум ќе биде репер за голем професионалец но и посветен војник и патриот. Неговото искуство и знаење, беа особено добредојдени. Огромна благодарност на неговите подредени војници кои секој на свој дел заврши светска работа со многу Македонски дух и срце.
Македонската армија е гордост на овој Македонски народ и силен темел на Македонската државност.
Огромно благодарам за припадниците на Македонската полиција од началникот на ПС Делчево до началниците во СВР Штип. Овие луѓе извршуваат света работа за да бидат свеста и достоинството на Македонскиот народ во Македонија.
Не помалку благодарам за припадниците на планинарските друштва но и многу други граѓани-ентузијасти кои зедоа учество со многу љубов, чест и гордост во вчерашните настани. Постројувањето на сите нив во центарот на село Раловци зад знамињата на Општина Делчево, МВР, АРМ и знамето на Разловечкото востание ќе биде настан од мојот живот кој никогаш нема да го заборавам кој секогаш кај мене ќе буди емоција на ниво на солзи и радост, гордост и топлина.
Верувам дека сите овие учесници се подеднакво горди што имаа можност да бидат дел од овој свечен, светол и свет чин кој ќе остане во аналите на Македонската историја засекогаш!
Луѓе мои.… имаме причина да бидеме горди сите заедно.
Огромно благодарам за луѓето вложени во реконструкцијата на Спомен домот на Разловечкото востание и оплеменувањето на просторот во домот со содржини. Директорот на Националниот конзерваторски центар Скопје м‑р Александар Јорданоски, директорот на НУКЦ “Никола Јонков Вапацаров” Делчево Златко Начовски, Музеј на Македонија, проф д‑р Ванчо Георгиев, проф д‑р Никола Минов, д‑р Мирјана Нинчовска, проф. Митко Антовски.
Овој историски храм во центарот на Разловци ги има сите белези да биде храм на Македонската државност и постоење и како таков е од највисоко значење за Македонската држава.
Неизмерна благодарност упатувам до директорите и командирот на локалните институции во Делчево (ЈКП “Брегалница” Делчево, СОУ “Методи Митевски Брицо” Делчево, ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево, ООУ “Ванчо Прќе Делчево”, ОЈУДГ “Весели Цветови” Делчево, ТППЕ Делчево) кои со лидерскиот набој на Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски овозможија беспрекорен пример како се работи со срце за своите граѓани во контекст на самата манифестација.
Благодарам на директорката на Националниот Ансамбл “Танец” која иако со резерва и одредени негодувања сепак овозможи традицијата и гордоста што ја носат уметниците на ансамблот да допрат до пошироката делчевска и Македонска јавност во рамки на оваа манифестација.
Посебна благодарност упатувам кон директорот на Македонски пошти Бојан Кареместевски кој се вгради во нашата манифестација со промоцијата на поштенската марка издадена по повод 150 годишнината од Разловечкото востание.
Огромно благодарам на сите граѓани што на било каков начин се вклучија во самата манифестација, јас ги знам кои се сите до еден и во колкава мера беа вклучени, а тоа ќе биде кажано во некои наредни записи.
Лична благодарност упатувам и до семејството на архитектот Георги Константиновски- автор на монументалното дело Спомен дом на Разловечкото востание, од кој пред околу 10-тина години ги примив аманетот домот да биде реконструиран со сите негови суштински детали, и сега можам да кажам гордо и нескромно дека тоа е направено!
Свештените лица од делчевско-каменичката епархија на чело со епископ г. Марко имаат своја силна димензија во целокупната манифестација.
Луѓето од медиумската сфера исто така беа клучен сегмент во целата приказна за да добие на силина и вистинско значење.
При крај на оваа моја лична листа на благодарности сакам да искажам неизмерна благодарност кон мојата пријателка и соработничка Наташа Димитровска која кога многумина се тргаа настрана таа “машки” со неизмерна женска сила и трпение беше главен имплементатор на целата програма, за што треба да добие посебно признание од надлежните институции.
За крај на овој мој текст за благодарност, сакам да укажам и за благодарноста кон сите оние кои што на свој чуден начин посакуваа, работеа или не работеа за овој настан и манифестација за истата да не се реализира како што треба.
Исто така и тие луѓе ги знам кои се и тие ќе си добијат свое место во некој мој нареден запис.
Зошто благодарност за нив?
Па затоа што без нивната опструкција останатите немаше да дадеме енергија повеќе за да ги надминеме нивните свесни или несвесни опструкции. Чуството на успех не е расипано поради ваквите појави но лекцијата што од поодамна ја имам научено денес ми се потврди.
И точно тие карактеристики на поединци се причина зошто востанието не успеало и зошто Македонската голгота за слобода трае со векови, но среќе е што денес 150 години по востанието ваквите појави се минимални и се надевам дека скоро ќе ги снема!
Подигањето на свеста на Македонската јавност за значењето на Разловечкото востание за Македонската државност е приказна за подигање на свесноста на Македонскиот народ за сопствените можности, квалитети и потенцијали. Таа приказна значи постојана борба, мног непроспиени ноќи, многу интелектуален напор, знаење, искуство но и реален физички напор, емотивна и физичка сила.
Додека да бидат пласирании реализирани сите величествени настани и содржини во текот на 18 и 19 мај 2026 година но и неделите пред тоа, потребно беше години работа и планирање, па после се друго. За сите премрежја и слатко маки да дојдеме до тоа на што можеше да биде сведок цела Македонска и светска јавност во рамки на Манифестацијата , дополнително ќе имам свои записи, што верувам дека ќе бидат корисно четиво за некои идни генерации.
Она што ми останува е да ги довршам започнатите текстови во форма на лично сведоштво за различни аспекти на Разловечкото востание што побргу, за да бидат и тие објавени.
Затоа што во Спомен домот на Разловечкото востание Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски истакна една силна мисла во ограничено присуство на неколкумина кои беа таму да ја слушнат во неврзан разговор, а тоа е името Гоце Делчев, кое по судбина на нештата е име на нашето Делчево и тоа што треба да се направи за тоа име да биде уште посилно афирмирано во локални, македонски но и меѓународни рамки.
И тоа е мој личен завет за наредните години и дај Боже децении.
Бог да ја благослови Македонија, да живее Гоцево Делчево, да е вечен пламенот што искрата од Разловци го разгоре на светската геополитичка сцена!
