Први посетители на новореконструираниот Спомен дом на Разловечкото востание во с. Разловци се најмладите од подрачното училиште во селото

704387161_1578663380926174_4700690893955971140_n
Сподели

Денеска 20 мај 2026 година за првпат новореконструираниот Спомен дом на Разловечкото востание ги отвори своите врати за ученички посети.

Први кои имаа можност да ја посетат историската музејска постановка во Спомен домот во селот Разловци беа учениците од подрачното училиште при Основното општинско училиште “Св. Климент Охридски” од Делчево.

Новите содржини во овој спомен дом а истовремено и музеј што беа поставени пробудија огромен интерес кај дечињата-поомци на славните револуционери кои што го кренеле Разловечкото востание во 1876 година.

“Веднаш по одбележувањето на големиот јубилеј – 150 години од Разловечкото востание, ја имавме и првата посета од учениците од подрачното училиште во с. Разловци при ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево

Учениците имаа можност поблиску да се запознаат со значењето на Разловечкото востание, неговото историско наследство и улогата што ја има во македонската историја. Преку оваа посета, младите генерации уште еднаш покажаа интерес и почит кон минатото, традицијата и борбата за слобода.

Благодарност до учениците и наставниот кадар за посетата и заедничкото чествување на нашата историја.”

-напишаа на социјалните мрежи од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево кои што се сопственици на овој значаен објект кој што е прогласен за споменик на културата од особено значење на државата.

Во програмата за работа на оваа Национална установа во Делчево е вакви посети да се организираат за сите училишта во Македонија во рамки на нивната настава, како и организирани посети на туристи и љубтели на Македонската историја и идентитет.

За авторот на оваа објава