Харизматичен концерт на Елена Ѓеоргиевска и Катерина Станчева во Делчево
Во организација на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево вчера (вторник 26.05.2026 година) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Длечево се реализираше концерт на проф. м‑р Елена Ѓеоргиевска на пијано и проф. Катерина Станчева – мецосопран.
Организаторите упатија своја благодарност за посетеноста на настанот за публиката која што е важен дел од културните настани во општината без кои истите немаат смисла.
“Вечерва Фоајето на Спомен Дом АСНОМ беше исполнето со емоции, музика и топла атмосфера која ќе ја паметиме долго. ![]()
Искрена благодарност до:
Проф. м‑р Елена Ѓеоргиевска – пијано
Проф. Катерина Станчева – мецосопран
Дејан Ѓеоргиевски – Ѕене, за прекрасните аранжмани
Благодарност и до публиката која со своето присуство ја направи оваа „Романтична вечер“ уште посебна. ![]()
Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура и туризам.
До следната музичка средба…”
-напишаа на социјалните мрежи од НУЦК “Никола КЈонков Вапцаров” Делчево
