Делчево има спортисти со кои може да се гордее цела Македонија
Денеска градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во својот кабинет го прими бодибилдинг-шампионот во повеќе категории Павле Богдаановски.
“Денес имав чест и задоволство да остварам средба со нашиот млад и исклучително талентиран спортист Павле Богдановски, кој со својата посветеност, дисциплина и огромна работа постигнува резултати за почит и восхит.
Павле е:
Победник во категорија Бодибилдинг Јуниори до 23 години и победник во категорија Сениори до 80 кг на Државното првенство
Топ 6 финалист на Европско првенство во категориите Бодибилдинг и Класик Физик Јуниори до 23 години
Победник во категориите Бодибилдинг и Класик Физик Јуниори до 23 години на „Херкулес Гранд При“
Ова се резултати кои не се постигнуваат преку ноќ. Зад нив стојат години труд, откажувања, дисциплина и силен карактер.
Горд сум што нашиот град има млади луѓе како Павле, кои се вистински пример за тоа како со работа, верба и истрајност се стигнува до врвот.
Убеден сум дека најголемите успеси допрва доаѓаат за него и дека ќе продолжи достојно да ја претставува Македонија на меѓународната сцена.
Му посакувам уште многу победи, здравје и нови спортски височини!”
-напиша на социјалните мрежи Грдоначалникот на Делчево Иван Гоцевски
