Градоначалникот Гоцевски и Претседателот на Советот Стојменовски ги доделија признанијата на учесниците од литературниот конкурс на Меѓуопштинското здружение на цивилни инвалиди од војната
Градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски заедно со Претседателот на Советот на Општина Делчево Николчо Стојменовски денеска присуствиуваа на завршниот дел од Литературниот конкурс организиран од Меѓуопштинското здружение на цивилни инвалиди од војната.
На настнот градоначалникот и Претседателот на делчевскиот совет ги доделија признанијата на најуспешните учесници на самиот конкурс.
“Војната долго се осветува“ е темата на литературниот конкурс организиран од Меѓуопштинското здружение на цивилни инвалиди од војната.
Денеска присуствував на ваков настан во ООУ „Св. Климент Охридски“, каде што имавме можност да слушнеме силни лични сведоштва од цивилните инвалиди и нивни претставници. Токму тие му дадоа посебна тежина и едукативна вредност на настанот, бидејќи учениците одблиску можеа да согледаат какви последици носи војната и зошто никогаш не смееме да дозволиме таа да се случи или да се повтори.
Учениците се претставија со инспиративни и зрели говори, за што искрено им благодарам.
Посебна благодарност и до директорот на училиштето, Димитар, за организацијата и успешната реализација на овој значаен настан.”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со овој настан.
