Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): За Димитар Поп Георгиев Беровски

razlovecko vostanie graficki elementi-04
Сподели

Димитар Поп Георгиев Беровски е еден од родоначалниците на Македонскиот вооружен отпор против Отоманската империја, чие што значење намерно или ненамерно не е доволно експлоатирано во научната Македонска воена мисла и воопшто во Македонската историографија.

Димитар Поп Георгиев Беровски е воен командант, водач и стратег на Разловечкото востание кој што заедно со Поп Стојан кој што бил негов дедо (татко на сопруга) во месец мај по прртходни долготрајни подготовки го кренале Разловечкото востание во 1876 годин.

Димитар Поп Георгиев Беровски е роден во Берово во 1840 година. Основно образование завршил во Берово, а потоа учел во Одеската духовна семинарија (1858–1860). Потоа во Белград се запишува на военото училиште. Во 1865 год. се враќа во Берово и работи како учител. Таму зел активно учество во црковните борби против грчките фанариоти, со што се стекнал со голема популарност кај народот од Малешевијата. Наклеветен од грчките владици пребегнал во Цариград а потоа живее како нелегален во Солун.

Во Солун заедно со македонската патриотска интелегенција формира кружок, чија цел била организирање на востанија против турската власт.   Бил главен организатор  на Разловечкото востание, а по неговото задушување се вклучил во организирањето на Кресненското востание (1878), при што бил избран за началник на Востанички штаб. Воедно бил и иницијатор за обнова на Охридската Архиепископија, преку Унија на христијаните Македонци со Ватикан, кои во 1874 год. ги отцепиле од бугарската црква мали делови од серската, мелничката, струмичката, воденската,кукушката и солунската област и ги приврзале кон Ватикан.  По неуспехот на востанието се префрлил во Ќустендил, каде живеел и работел се до својата смрт на 19 декември 1907 година.

Димитар Поп Георгиев Беровски е лик според чиј што модел и доктрина подоцна била структурирана целокупната линденска епопеја.

Тој бил учен интелектуалец, бил учител, бил народен човек кој што се соживувал со приликите во кои што живееле неговите сонародници, бил соработник со многумина истомисленици со кои што формирал конспиративно-револуционерна мреежа на јатаци и луѓе кои пружале логистика на претстојната вооружена борба, бил аскет кој што на најдлабок идеолошки и политички начин верувал во идејата за слободна Македонска држава, ги предводел востаниците за време на востанието, пострадал (бил ранет тешко) за време на востанието и продолжил долги години со неговата револуционерна дејност долго по задушувањето на востанието.

Димитар Поп Георгиев Беровски треба да добие позначајно мест во Македонсата историографија и во аналита на Македонската војска, како еден од храбрите Македонски синови и херои кои што со сила се спротивставиле на поголем непријател и покрај сите изгледи за неуспех.

За авторот на оваа објава

Најнови објави