Македонското собрание го вклучи јубилејот 150 години Разловечко востание во настани од највисоко државно значење за 2026 година

banner razlovecko vostanie1
Сподели

Законодавниот дом- Македонското собрание во рамки на Програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2026 год. го постави јубилејот за одбележување на 150 години од кревањето на Разловечкото востание како еден од најзначајните настани за 2026 година во Македонија.

Собранието на Република Македонија на седницата бр.97 од 8.4.2026 год. ја усвои Програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2026 година каде што под реден број 4 се наоѓа јубилејот за одбележување на 150 години од славното Разловечко востание.

Ваквиот епилог следуваше откако Општина Делчево и НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево го предложија овој јубилеј за одбележување на највисоко државно ниво во месец декемвро 2025 година одговарајки на Барањето на Собранието за достава на значајни јубилеи. Со тоа Општина Длечево и Центарот за култура во Делчево заедно со Државен архив, ЈНУ Институт за национална историја, Музеј на македонската
борба за самостојност, Општина Берово, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј — Струмица, Дом на културата „Димитар Беровски“ — Берово, ќе бидат носители на сите активности кои што ќе се реализираат за достојно одбележување на овој јубилеј.

При подготвувањето на Програмата, Комисијата за култура и туризам на Собранието оствари контакт со сите национални установи, државни универзитети, центри за култура, заводи за заштита и музеи, библиотеки и останати релевантни институции, здруженија и сојузи во државата кои се бават со различни аспекти на културата. Исто така, беа консултирани сите општини, вклучувајќи го и градот Скопје како посебна едница на локалната самоуправа.

Општина Делчево и Градоначалникот Иван Гоцевски веќе активно работат на содржините за достојно одбележување на 150 годишнината од кревањето на првото Македонско национално востание против Отоманската империја во чии што рамки се предвидени културно-уметнички, научно-едукативни, спортско-рекреативни и формално-правни свечени настани посветени на значањето на Разловечккото востание од различни аспекти на неговите рефлексии врз Македонската самобитност и постоење.

За авторот на оваа објава

Најнови објави