ноември 4, 2026

Делчево прераснува во вистински туристички хит за ова лето не само во Македонија туку пошироко на Балканот

FB_IMG_1782117817034
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Колони од туристи на граничниот премин “Станке Лисичково” од страната на Бугарија викендов беа забележливи за влез во Делчево. Според некоја статистика која надлежни служби на општина Делчево ја имаат направено викендов Делчево го посетиле над 4000 посетители кои уживале во туристичко-угостителските капацитети со кои располага општината.

Со тоа Делчево амбициозно се позиционира на картата на атрактивна туристичка дестинација не само во Македонија туку и пошироко на меѓународен план.

Туристи од различни таргет групи веќе се редовна слика во делчевските ресторани, пицерии, кафе барови, но и бутици, продавници за малопродажба. Овој викенд на првиот ден од летото беа ставени во функција и летните отворени базени кои нудат вистинско летно доживување со многу примамливи содржини и особено конкурентни цени

Ваквата состојба добива на посебно значење врз основа на пошироките стратешки и програмски определби на Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски кој од самиот момент на стапување на функцијата кон крајот на минатата година воспостави силни институционални рамки за развојот на туризмот и локалната економија во општина Делчево.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

ОДЛИЧНА СТАТИСТИКА ЗА ДЕЛЧЕВО!

Граничниот премин кон Република Бугарија во Делчево бележи постојан раст на движење на патници. А Делчево одбележа рекорден број на посетители овој викенд на првиот ден од летото, со што можам да кажам дека нашата општина се претвора во вистинска туристичка дестинација.

Според согледувањата на мојот тим задолжен за следење на оваа состојба, изминатиот викенд го посетиле над 4000 посетители- гости кои што доаѓаат од внатрешноста на државата како и зголемен број на гости кои влегле во Делчево од Република Бугарија на нашиот граничен премин.

Воспоставениот систем за промоција, на Делчево кој што започнавме да го градиме пред неколку месеци, дава видливи резултати, а економската активност во Делчево забележува драстичен скок во позитива. Но она што посебно мотивира е моментот што нашето локално стопанство во Делчево ги препознава овие позитивни скокови и започнува силен циклус на инвестиции за развој на локалната економија. Со тоа Делчево од срце на Балканот, пополека станува тигар на Балканот со незапирлив елан за развој.

Можам да кажам дека овие импресивни резултати се само почеток а веќе работиме на имплементација на широк спектар на мерки и активности за развој на туризмот а со тоа и Локален економски развој. Нашите цели се високо поставени, и не’ очекува многу работа, во интерес на развој на стандардот за живот во Делчево.

Нашата општина ги има сите предиспозиции да биде економски лидер во овој дел од државата, останува на сите нас заедно тоа да го постигнеме.
Во текот на оваа недела ќе се одржи првиот конститутивен состанок на Советот за развој на туризмот во Делчево каде за првпат на високо-организирано институционално ниво ќе дебатираме и е креираме мерки за придвижување на состојбите со засилено темпо напред.

И покрај свежината што ја нудат нашите планини Голак, Средна и Влаина заедно со реката Брегалница, сепак можам да кажам дека не’ очекува “жешко” туристичко лето во Делчево, со врвна културна понуда на настани вгнездени во автентични прекрасни локации, раскошна гастрономска понуда, многу авантури, забава и дружење.

Очекувајте уште две многу важни и многу убави вести оваа недела во делот на Локален економски развој…

-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски-Градоначалник на Општина Делчево..

Делчево како урбан град кој изобилува со богата и раскошна животна средина, пространи и богати зелени површини и исклучително хуман животен простор е совршено место за одмор и релаксација. На оваа безвременска приказна се надоврзува богатиот народен дух и гостопримливи традиции на локалното население, што го чини Делчево атрактивна точка за посета на европската туристичка мапа. Секако свој шарм како пијанечка цреша на туристичкото задоволство е богатата и специфична народна кујна и специјалитети кои предничат по својот интензивен и незаборавен вкус.

Но големата територија на општината со нејзините живописни рурални населби како и раскошот на планините Голак, Влаина и Средна, свежината на реките Брегалница и Желевица и пространите езерски површини, даваат уште посилна додадена вредност и мотив плус за посета на оваа неоткриена туристичка дестинација. Тука може да се спортува, рекреира, да се биде дел од адреналински мото тури, живописни велосипедски и планинарски рути, да се густира културата и традицијата на вистински автохтон начин, но и да се живее во духот на најмодерните тренди забави и настани.

За авторот на оваа објава