ноември 12, 2026

Утре ќе се прска против комарци од авион во Делчево, пчеларите да ги превземат сите заштитни мерки

zajdisonce_spomen_dom_reka_bregalnica
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Во раните утрински часови ви среда 24.06.2026 година над територијата на општина Делчево авион на “Аеро клуб Скопје” ќе прска против возрасни комарци на повеќе критични потези.

Градоначалникот на општина Делчево оваа информација ја пренесе преку социјалните мрежи со апел за сите одгледувачи на пчелни семејства да ги преземат сите заштитни мерки .

“СООПШТЕНИЕ ЗА АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ!

Општина Делчево ги известува граѓаните дека на ден 24.06.2026 година (среда), во раните утрински часови, ќе биде извршено авионско прскање против комарци на територијата на Општина Делчево. Прскањето ќе се спроведе од страна на „Аеро Клуб Скопје“ , а ќе ги опфати следните атари:

· Река Брегалница со притоки

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

· Езеро мотел,„Кула“

· Река Габровчица

· Звегорска Река

· Чаршиски ендек

· Пустевски ендек

· Манастирски ендек

· Грозданец ендек

· Непредвидени места

Посебно се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни и неопходни мерки за заштита на нивните пчелни семејства од евентуалните последици кои можат да настанат од предвиденото прскање со аеросолни препарати.

Доколку временските услови не го дозволат прскањето, тоа ќе биде извршено наредниот ден.”

-напиша на социјалните мрежи ИВАН Гоцевски ‑градоначалник на Делчево

За авторот на оваа објава