ноември 4, 2026

Во Делчево едногласно усвоен Патоказот за Зелена агенда за Источниот плански регион

809656957_1547621097397654_5248505942524021505_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Денес, на седницата на Cen­tre for Devel­op­ment of the EPR — Центар за развој на ИПР, едногласно беше усвоен Патоказот за Зелена агенда за Источниот плански регион 2025–2030, изработен од Центарот за климатски промени во консултација и со придонес на општините од регионот.

Патоказот претставува конкретна рамка за забрзување на зелената трансформација на регионот и ги преточува принципите на Зелената агенда во мерки и активности применливи на локално ниво. Документот ги опфаќа декарбонизацијата и енергијата, циркуларната економија, намалувањето на загадувањето, заштитата на природата и биодиверзитетот и одржливото земјоделство и рурален развој.

Едногласното усвојување е важен резултат од процесот што го водевме заедно со локалните чинители, од прибирање и дополнување на податоците до дефинирање на приоритетите и конкретните мерки. Следниот чекор е Патоказот да служи како практична основа за координирано планирање и спроведување на зелените политики во сите 11 општини од Источниот плански регион.

Проектот се спроведува од страна на Центар за климатски промени / Cen­ter for Cli­mate Change во соработка со: Nation­al Roma Cen­trum, Foun­da­tion for Local and IT Devel­op­ment- Gevgeli­ja, Eco Action Teto­vo, Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ — Битола, Eco-Green Move­ment, Bero­vo, Екотуризам Охрид / Eco­tourism Ohrid и Младинска организација Креактив.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civi­ca Mobil­i­tas.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Embassy of Switzer­land in North Mace­do­nia

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Центарот за климатски промени и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

За авторот на оваа објава